Нападнат уште еден верски муслимански објект во Шведска!

По пожарот што деновиве беше подметнат во една џамија во шведскиот град Ескилстуна, ноќеска цел на напад со опожарување беше уште еден муслимански верски објект во Шведска, овојпат во Еслев,  јави дописникот на МИА од Гетеборг.И во овој случај полицијата и противпожарната служба се сомневаат дека пожарот бил подметнат. Со навремена интервенција пожарот брзо бил изгаснат, а објектот во кој е сместена џамијата не претрпел поголеми оштетувања.
Просториите на џамијата, кои ги користи Исламското културно друштво во Еслев, се наоѓаат во подрумот на една станбена зграда, така што постоел ризик пожарот да ги зафати и становите над подрумските простории.
– Успеавме навреме да го изгаснеме пожарот, при што ниту пожарот, ниту чадот не се проширија кон становите – рече за Шведското радио Густаф Сандел, командир при пожарникарската служба во Еслев.
Во инцидентот нема повредени. Инаку, оваа џамија, која се наоѓа на периферијата на Еслев, во текот на есента беше изложена на неколку последователни атентати, меѓу другото со кршење на прозорци и прскања со спрејови со боја.
Деновиве во џамијата во Ескилстуна, во моментот кога внатре се наоѓаа 70-ина верници, беше фрлен предмет кој предизвика силен пожар. Сите успеале да излезат, но петмина повредени беа пренесени во болница.
Годинава во Шведска се случија петнаесетина напади врз џамии во разни градови, при што, меѓу другото, е забележано цртање кукасти крстови, ковење штици за блокирање на влезните врати, кршење прозорци, подметнување на пожари и вандализирање на фасади.И во овој случај полицијата и противпожарната служба се сомневаат дека пожарот бил подметнат. Со навремена интервенција пожарот брзо бил изгаснат,

Пронајдете не на следниве мрежи: