Потресно писмо до татко кој е на небото, напиша едно девојќе од Велика Британија. Сопственикот на пабот пред кој е најдено, го прикачил писмото на Фејсбук и напишал: „Ајде да и го вратиме писмото на девојчето кое го напишало. Не треба да биде кај нас“. Ова писмо напишано со детски ракопис е најдено пред неколку дена, згужвано и фрлен, пред еден паб во Сомерсетун во Англија. Со наслов „Драг тато“, писмото го расплака цел свет кој зборува англиски.
Го напишало девојќе кое се вика Самер, а посветено е на нејзиниот татко кој „отишол на небото“. Сопственикот на пабот пред кој е најдено, го прикачил писмото на Фејсбук и напишал: „Ајде да и го вратиме писмото на девојчето кое го напишало. Не треба да биде кај нас“. Неколку часа подоцна, се јавило семејството на ова девојќе и го земала писмото.
Еве што пишува во него:
„Драг тато,
Те сакам. Ми недостигаш многу и сакам сега да си тука покрај мене! Понекогаш навечер гледам во небото и си замислувам желба. Посакувам желба додека гледам во најсјајната ѕвезда на небото, и верувам дека ти си таа ѕвезда.
Секогаш мислам на тебе на твојот роденден, на Денот на татковцит, на мојот роденден и на Божиќ, и после тоа. Некои денови сум среќна, некои денови тажна, но сега чувствувам дека си во моето срце, а секогаш си ми во мислите, но само сакам да можев уште еднаш да ти кажам „збогум“ и уште еднаш да те прегрнам пред да тргнеш на пат во твојот нов дом на небото.
Знам дека секој ден им недостасуваш и на браќата и сестрите и на сите во моето семејство, и ситее сакаат да си уште тука, но ќе те оставам да одмараш еве додека не се сретнеме повторно или додека не разговараме повторно.
Те сакам толку многу, почивај во мир тато и се надевам дека си среќен таму каде што си сега.
Многу те сака твоето мало девојче Самер, те сакам!“