Се исплатеше нашиот труд вложен во ова момче, станува збор за успешна приказна која благодарение на „Пулс24“ македонската фудбалска репрезентација ќе биде надополнета со уште еден талентиран фудбалер, Борко Ѓорѓиев.Пред речиси година дена се обидовме да дознаеме повеќе за 18-годишниот Борко Ѓоргиев, млад фудбалер со двојно државјанство, хрватско и македонско.
Тоа и го сторивме, направивме интервју со Борко до кој стигнавме преку контакт со поранешниот портал за македонски фудбал „MKFUDBA.COM.MK“, Ѓорѓиев со задоволство прифати интервју каде откри неколку работи за него.
Талентираниот Ѓорѓиев тогаш во интервјуто за „Пулс24“ изјави дека би му претставувало чест и задоволство доколку еден ден заигра за Македонија, и покрај фактот што имаше настапи за хрватската селекција.
„Би бил пресреќен доколку еден ден заиграм за Македонија!!!“, вака гласеше насловот од интервјуто, утре тој ќе ја има шансата за докажување во селекцијата на Македонија за играчи до 19 годишна возраст, нешто за што ни укажува огромна чест и задоволство.
Ѓорѓиев веќе има настапувано за хрватската селекција за играчи до 17 годишна возраст, дебитираше пред две години на мечот со Шкотска на 30-ти август.
Важи за фудбалер кој своевремено беше најмладиот фудбалер што некогаш заиграл во Првата Хрватска Фудбалска Лига, со само 16 години и 180 денови, Борко дебитираше во првиот тим на Интер Запрешиќ, на дуелот со Шибеник. Денес, тој примат го има друг млад фудбалер кој дебитираше пред неколку месеци.
Инаку, неговата поврзаност со Македонија е тоа што неговиот татко е роден во Македонија, живеел тука до својата 20-годишна возраст, во Радовиш.
Младиот Ѓорѓиев настапува во хрватски Интер Запрешиќ, оваа екипа во новата сезона настапува во Хрватската Втора Фудбалска Лига, па нашиот нов репрезентативец е во потрага по нов клуб.
Утре со почеток од 11 часот младата селекција на Македонија за играчи до 19 годишна возраст ќе игра против селекцијата на БиХ, на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“, претходно, со почеток од 09,30 часот силите ќе ги одмерат селекциите за играчи до 17 годишна возраст.
Целото интервју кое нашата спортска редакција го реализираше со Борко Ѓорѓиев пред речиси година дена, можете да го прочитате ТУКА.Пред речиси година дена се обидовме да дознаеме повеќе за 18-годишниот Борко Ѓоргиев, млад фудбалер со двојно државјан