Направете ги најслатките домашни печени тулумби со овој рецепт!

Направете си домашни печени тулумби…Состојки
300 г брашно
100 мл масло за готвење
500 мл вода
6 јајца
800 г шеќер (за шербет)
400 мл вода (за шербет)
Подготовка
Подготовка на смeсата без јајца- Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.
Подготовка на смесата со јајце -Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.
Наполнет шприц со смесата за тулумби- Шприцот за тулумби наполнете го со смесата.
Формирање на тулумбите -Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.
Спремни за печење- Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.
Подготовка на шербет- Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.
Попарени со шербет- Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.Состојки
300 г брашно
100 мл масло за готвење
500 мл вода
6 јајца
800 г шеќер (за шербет)

Пронајдете не на следниве мрежи: