Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.Потребни состојки:
250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
85 г несолен путер
400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
180 мл хопла
Начин на подготовка:
Со мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.
Пред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.Потребни состојки:
250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
85 г несолен путер
400 г темно