Направете го ова и ќе имате ЉУБОВ И СРЕЌА во животот: Совет од МУДРЕЦОТ кој го промени целиот свет!

Секој од нас понекогаш е заробен во затворен круг на празното секојдневие, страдање, мачни односи и оптоварувачки обврски и на секој понекогаш му е потребно малку мудрост за својот живот да го врати на правиот пат.Човекот го праша мудрецот – Како да излезам од затворениот круг на празното секојдневие во кој нема ниту љубов ниту среќа?
 
Мудрецот му одговори – од кругот можеш да излезеш само на тоа место каде што се спојуваат почетокот и крајот.
Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага по местото каде небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш бил на иста оддалеченост. Уморен од се, седнал на брегот од океанот, мислејќи дека стигнал до крајот на светот. Зборовите на мудрецот му одѕвонувале во главата.
Долго седел на брегот набљудувајќи ги сонцето и облаците, а навечер месечината и ѕвездите и конечно ги видел своето минато и иднина како се соединуваат во сегашниот момент и го обликуваат неговиот живот.
Го знаел одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се спојуваат со краевите, но на секое место крајот се влева во нов почеток во еден одреден момент.
Повторно го побарал старецот кој го упатил кон хоризонтот, одлучен во намерата да завладее со времето и да дознае во кој момент може да се ослободи од лопата среќа.
Човекот го праша мудрецот – Сега знам каде се спојуваат почетокот и крајот, што треба да правам?
Мудрецот одговорил:

 
Ако твоето минато е исполнето со страдање, почекај го моментот кога сонцето на хоризонтот ќе почне да се искачува и тогаш остави го сето страдање зад себе.
Ако во минатото си бил роб на лоши навики, почекај сонцето да почне да се искачува и во наредните три дена прави го само тоа што сакаш да го правиш до крајот на животот.
Ако твојата иднина е исполнета со мачни односи, тогаш побарај некои нови луѓе и тргни со нив во својата иднина, а се останато остави зад себе и не гледај наназад.
Ако во твојот живот немало радост, тогаш направи било што, што ќе те направи среќен, колку и да е тоа мала работа, таа ќе се прошири на цела твоја иднина.
Ако во твојот живот немало љубов, во тој момент со желба погледни во сонцето ќе ја сретнеш љубовта на твојот живот.
Човекот се заблагодарил и си отишол по својот пат. Никогаш повеќе не го посетил мудрецот.
Вашите стари навики нека останат зад вас, понесете го само тоа со што сакате да ја исполните вашата иднина. Ако тоа го направите ќе ја сретнете љубовта и среќата на својот живот. Човекот го праша мудрецот – Како да излезам од затворениот круг на празното секојдневие во кој нема ниту љубов ниту среќа?

Пронајдете не на следниве мрежи: