Направете сендвич од веб – страницата и списанието за храна „Food Network“, погоден во секој оброк во текот на денот – па дури и десерт.
Како да направите сирење на скара:
– Загрејте 1 лажица солен путер во нелеплива тава на средна температура.
– Стиснете го сендвичот и ставете го во тавата. Гответе додека не добие жолта боја, од 3 до 5 минути.
– Превртете и додадете повеќе путер во тавата ако е потребно и гответе се додека едната страна не се позлати и сирењето не се стопи, од 3 до 5 минути.
Класичен сендвич: 2 парчиња чедар сирење, монтереј џек или швајцарско сирење помеѓу 2 парчиња селско лепче, пригответе се додека двете страни не се позлатат.
Сланина и домати: Направете класичен сендвич со сирење на скара (бр.1), додавајќи 3 парчиња сланина и еден исецкан домат помеѓу сирењето.
Тројно сирење: Направете класичен сендвич со сирење на скара (бр.1), додавајќи едно парче чедар сирење, минстер или швајцарско сирење.
Зачинет начо сендвич: 2 парчиња бел леб со 1 парче монтереј џек или американско сирење, неколку јалапено чили пиперчиња и едно парче чедар сирење. Гответе, превртете еднаш, се додека не добие златна боја.
Крцкав начо: Направете зачинет начо сендвич со скара на сирење (бр.4), додавајќи една лажица пченкарен чипс со чили пиперчиња.
Козјо сирење – Пепадју: Измешајте половина чаша крем сирење со една четвртина чаша козјо сирење и 8 сецкани Пепадју пиперки.
Сендвич со „прсти“ од сирење на скара: Направете 1 класичен сендвич со сирење на скара (бр.1). Отстранете ја кората и исечето го сендвичот на ленти.
Сендвич за вечера: 2 парчиња американско сирење помеѓу 2 парчиња бел леб. Ставете мајонез на надворешната страна на сендвичот и гответе, превртете еднаш, се додека не добие златна боја. Послужете со кечап.
Микс зачинет сендвич: 1 лажица мајонез со една четвртина лажичка Срирача. Направете класичен сендвич за вечера (бр.8), заменувајќи го мајонезот со смеса од зачинет тартар сос.
Чедар сирење и краставички: Направете сендвич со сирење на скара за вечера (бр.8) и заменете го американското сирење со бело чедар сирење и додадете неколку исецкани краставички помеѓу сирењето.