Настинката и грипот скоро секогаш се проследени со кашлање кое може да биде прилично болно. Иако на пазарот можете да пронајдете многубројни фабрички произведени сирупи, факт е дека не можете со сигурност да го знаете нивниот состав, па дури и ако на нив е напишано дека се со растително потекло.Од друга страна, сирупот за кашлање можете сами да го подготвите и тоа според рецептот на нашите баби. Тој е подеднакво ефикасен како и фабричкиот, но во неговиот состав има само природни состојки. Еве како да го подготвите:
Состојки
250 грама сиров мед
60 милилитри девствено маслиново масло
3 исцедени лимони
Начин на подготовка
Ставете ги сите состојки во помал лонец и загревајте го на слаб оган, се додека сирупот не почне да испарува. Тргнете го од оганот и оставете го да се олади. Сирупот ставете го во помала тегличка која добро ќе ја затворите. Можете да го чувате во фрижидер до три месеци. Користете го по потреба…
На деца им се даваат до три лажички дневно, а возрасните можат да земаат до две лажици дневно. Пожелно е да го загреете и добро да го промешате пред употреба. Од друга страна, сирупот за кашлање можете сами да го подготвите и тоа според рецептот на нашите баби. Тој е подеднакво ефикасен како и фабричкиот,