Сакате Тwix чоколатца? Зошто не си направите сами и ги воодушевите своите најмили? Преслатко нешто за со кафето… Ќе ве воодушеви заводливаѕа комбинација на кекс, карамела и чоколадо.На крајот од текстот погледнете ја видео снимката со рецептот и дознајте како се прави…
Потребни состојки
500 г млечно чоколадо
350 гр мекани карамел бомбони
400 гр бисквити
60 мл млеко
4 лажички путер
Подготовка
Чекор 1- Чоколадото истопете го на пареа, па сипете го во тавата која предтоа сте ја обложиле со самолеплива фолија. Ставете ја го во фрижидер чоколадото да се стегне. Бисквитите сомелете ги и додадете го истопениот путер па мешајте додека не добиете смеса како влажен песок.
Чекор 2- Карамелата ставете ја во тенџерето, додајте млеко и стопете ја на средна температура додека не добиете глатка маса. Извадете ја тавата со чоколадото па ставете ги измелените бисквити и добро притиснете ги и утапкајте ги. Прелијте со карамела и вратете се назад во фрижидерот да се стегне.
Чекор 3- Извадете ја смесата од тавата и ставете ја на рамна површина и исечете со нож на штангли. Секоја штангла прелијте ја со стопено чоколадо и повторно внесете ги во фрижидерот да се стегнат.
Потоа можете да ги послужите вашите Twix чоколатца! Пријатно!На крајот од текстот погледнете ја видео снимката со рецептот и дознајте како се прави…
Потребни состојки
500 г