Направете си пудинг со карамела!

Преслатко и превскусно…Состојки за 4 лица:
100гр. чоколадо
180гр. шеќер
4 лажици млеко
1 јајце
75гр. брашно
75гр. трошки
Половина лажичка прашок за печиво
100гр. путер
1,5дл. Слатка павлака
Половина лажичка ѓумбир и сол
Подготовка:
Ситно исечкајте го чоколадото, ставете го во еден сад со млекото, а садот ставете го во поголем сад со вода. Растопете го чоколадото на оган. Матете го путерот со 100гр. шеќер се додека не добиете пенеста смеса. Додајте го ѓумбирот и оладеното чоколадо. Потоа додајте ги жолчката, брашното измешано со прашокот за печиво и трошките, па добро измешајте ги. Изматете ја белката со малку сол во цврст снег и додајте ја на смесата. Смесата префрлете ја во намастен и набрашнет калап за пудинг.
Прекријте го калапот со алуминиумска фолија, ставете го во сад за варење на пареа и варете го 20 минути. Ставете го после останатиот шеќер во една тава, додајте 2 лажици вода и пржете го на умерен оган се додека не добиете карамела. Тргнете ја тавата од оган, додајте ја павлаката и мешајте ја варејќи го сосот на тивок оган околу 5 минути, или додека не започне да се згуснува. Оставете го да се олади и префрлете го во фрижидер. Сервирајте го пудингот со ладниот карамел – сос.Состојки за 4 лица:
100гр. чоколадо
180гр. шеќер
4 лажици млеко
1 јајце
75гр. брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: