Направете ЗДРАВ сладолед за само 4 минути!

Кога температурите ќе пораснат, многумина од нас не можат да му одолеат на слаткото уживање во сладоледот. За таа наша страст да не ни ја расипе витката линија, постојат и здрави сладоледи од кои денес ви претставуваме еден за чија подготовка ви се потребни само 4 минути.Популарниот замрзнат јогурт е здрава верзија на млечен сладолед, но ако во неговата содржина користите грчки јогурт.
Рецепт – Замрзнат јогурт од шумско овошје
Потребни состојки:
500 гр. Замрзнато шумско овошје
200 мл. Грчки јогурт
Агавин сируп по желба
Погледнете како се подготвува на следната страна:

 

Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки – замрзнатото шумско овошје, јогуртот и агавин сирупот. Сето тоа добро промешајте го во фина смеса. Ако смесата се растекува, ставете ја уште малку во ладилник или додадете и уште јогурт. Замрзнатиот јогурт од шумско овошје украсете го со свежи малини и боровници.
Добар апетит!Популарниот замрзнат јогурт е здрава верзија на млечен сладолед, но ако во неговата содржина користите грчки јогурт.
Рецепт –

Пронајдете не на следниве мрежи: