Напредокот и модернизирањето на земјоделскиот сектор е една од основните цели и политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години инвестираше над 1 милијарда евра во земјоделието. Пари кои го помогнаа, модернизираа и подигнаа квалитетот на земјоделскиот сектор.
Преку 90.000 земјоделци на годишно ниво ги користат земјоделските субвенциите.
Тоа се 90.000 семејства кои добиваат помош од државата за нивниот вложен труд.
Разликата во земјоделската политика со СДСМ е очигледна. Кога тие беа на власт, за земјоделците се двоеја 5 милиони евра и тоа само една година.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ му даде шанса буквално на секој еден земјоделец кој сака да се занимава со земјоделие. Во периодот од 2006-та до 2016-та година ВМРО-ДПМНЕ преку 100-тина јавни огласи и повици додели над 65.500 хектари земјоделско земјиште и тоа на над 9.000 земјоделци кои за прв пат добија шанса од државата да произведуваат.
За споредба, во периодот пред 2006-тата година не секој имаше шанса да добие државно земјоделско земјиште. Само околу 400-тини фирми и олигарси блиски до СДСМ имаа привилегија да ги користат државните земјишта.
Ова, обичниот земјоделец не им го заборава на Социјал-демократскиот сојуз.
Впрочем, во нивно време земјоделската гранка беше на најниско можно ниво од цела Европа.
Денес, после 10 години ситуацијата драстично е променета. Имаме успешни приказни на земјоделци кои веќе 10 години ги користат мерките и помошта од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае што му е потребно на земјоделецот. ВМРО-ДПМНЕ е секојдневно помеѓу земјоделците и се бори за решавање на секој еден нивни проблем. Земјоделците тоа го знаат најдобро.
Тоа е нашата одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ во својата најобемна програма РЕАЛНО предвиде во април 2017-та година да стартува новиот проект преку кој се нуди 80% поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари. Оваа мерка е наменски воведена за да им помогне на земјоделците да остварат поголем приход, додека пак благодарение преку помошта која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, инвестицијата ќе ја повратат уште во првата година.
Начинот на кој се грижи ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците е јасно видлив и препознаен од самите земјоделци. ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да го помага земјоделието, бидејќи е моторот на стопанството во нашата држава.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години инвестираше над 1 милијарда евра во земјоделието. Пари кои го помогнаа, модерниз