Наркотиците пред 10.000 ГОДИНИ: Како тоа го правеле нашите предци?

Нашите предци од Каменото време, одгледувале и користеле опиум, магични печурки и други психоактивни супстанци, откри шпански научник во своето истражување за употребата на наркотици во минатото.Проф. Елис Гера-Досе, која предава антропологија на шпанскиот универзитет Ваљадолид, собра значајни докази од различни делови од светот и вели дека луѓето од времето на неолитот, уште во 8.600 година п.н.е., користеле дроги кои ги добивале со преработка на кактус, а почнале да одгледуваат афион околу 6.000. година п.н.е., пренесува Daily Mail.
Професорката пронашла доказ дека семето на афионот, од кое се добива опиум, било одгледувано недалеку од Рим околу 6.000 година п.н.е., а истото е утврдено на уште 17 локалитети во Шпанија, Швајцарија и Германија. Траги на опиум се пронајдени на фосил од маж, чиј скелет бил пронајден во пештера во близина на Албунхол во Гранада, кој датира од 4.000 година п.н.е.
„Постојат неоспориви докази кои посочуваат дека луѓето од тоа време, освен како храна, го користеле афионот поради неговите својства како наркотик“, вели професорката.

Во Перу, древните жители во пештерите на долината Кајехонде Хуајлас, го користеле кактусот echinopsis pachanoi, кој содржи психоактивна супстанца наречена мескалин, некаде помеѓу 8.600 и 5.600 година п.н.е. На остатоците пронајдени во погребна јама во јужни Филипини кои се стари 13.000 години, беа пронајдени дамки кои се добиваат со џвакање на листови од посебен вид бибер, кој и денес се користи како благ стимуланс во Азија.
Марихуана и опиум се пронајдени на церемонијални и погребални места од Бронзеното време во пустината Каракум во Туркменистан и во Романија, кои датираат од 2.000 година п.н.е.
Цртежи од печурки на карпите во Пиемонт во италијанските Алпи, настанати во времето на неолитот и Бронзеното време – се протолкувани како знаци дека психотропните печурки се користени во ритуалите. Мали фигури во облик на печурки се пронајдени на бројни локалитети, а датираат од 500. година п.н.е. до 900. година п.н.е. Во Гватемала, Мексико, Хондурас и Ел Салвадор, исто така се пронајдени докази за употреба на халуциногени печурки.
Проф. Гера-Досе, смета дека дрогата не била користена за рекреациски цели, туку дека супстанците биле користени во церемонијални ритуали. Поголем дел од пронајдените траги се наоѓаат во гробниците и местата од ритуално и религиозно значење.
Деталите од ритуалите сѐ уште не се јасни, но постои теза дека супстанците биле користени во посмртни обреди, за да му се помогне на починатиот во задгробниот живот, или да им се оддаде почит на подземните божества.
„Како и да е, факт е дека врската помеѓу луѓето и психоактивните супстанци може да се следи неколку милениуми наназад“, заклучува таа.Проф. Елис Гера-Досе, која предава антропологија на шпанскиот универзитет Ваљадолид, собра значајни докази од различни делови од с

Пронајдете не на следниве мрежи: