Народни верувања: Еве што денес треба да направите за братот и сестрата!

Денес се празнуваат Светите маченици Евлампиј и ЕвлампијаБрат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан некои верници од Никомидија се имаале засолнето и сокриено надвор од градот.
Младиот Евлампиј го испратиле в град да донесе леб. Кога влегол во градот ја видел царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот. Тој ја симнал и ја искинал наредбата. За ова веднаш бил изведен пред судија.
Кога судијата почнал да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почнал да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како единствен жив Бог. По ова судијата наредил да биде казнет и мачен.
 Кога слушнала за мачењето на својот брат, девицата Евлампија дотрчала и самата заедно со брат ѝ за да прими маки за Господ Исус Христос.
И таа била тепана додека крвта не ѝ удрила на носoт и на устата.
А Најпосле на Евлампиј му ја отсекле главата, а Света Евлампија го гледала отсекувањето. Тогаш биле погубени уште двесте христијани, коишто поверуваа во Христа гледајќи ги силата и чудата на Св. Евлампиј и неговата сестра. 
Порад храброста на братот и сестрата, биле прогласени за светци. Се верува дека и денес Бог ги чува сите ние кои се борат да ги заштитат послабите од себе.
Исто така, Евлампија се смета за заштитничка на браќата и сестрите. 
Сите кои ја сакаат нејзината наклонетост на денешниот ден треба да им подарат нешто или пак да им посветат било какво внимание на своите браќа и сестри.
 Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан некои верници од Никомидија се имаале засолнето

Пронајдете не на следниве мрежи: