НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Нашиот народ верува дека одредени појави може ДА ЈА ПРЕДВИДАТ ИДНИНАТА!-Еве што носи среќа а што несреќа…

Постојат голем број непишани правила во однос на работите кои може да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, вие често почитувате одредени „прописи“….Постојат голем број непишани правила во однос на работите кои може да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, вие често почитувате одредени „прописи“….
Во продолжение следат некои необични народни верувања во кои навистина луѓето веруваат….
1.Не оставај недопиен пијалок на гости, така оставаш кавга во куќата.
2.Кога ластовички ќе свијат гнездо на кровот на куќата, во тој дом доаѓа мир и спокој.
3.Што сонуваш првата ноќ во новиот стан ќе ти се исполни.
                             НАРОДНИ ВЕРУВАЊА ЗА ПАРИТЕ
4.Ако уште рано наутро ти се случат неприлики, тогаш тој ден не започнувај ништо важно.
5.Каде масата се мрда( лабава е) во таа куќа жената го има главниот збор.
6.Кога гостинот ќе си оди од куќата, а притоа не ни седнал се верува дека го однел мирот од куќата. Особено каде што има женски деца, гостинот треба да седи барем 5 минути.
7.Скршена чаша- ако се скрши чаша во домот, тоа наговестува среќа.

 

8.Кога прв пат земате бебе во рака, замислете си желба. Во рокот од една година желбата ќе ви се оствари.
9.Јајце со две жолчки значи дека наскоро некој ќе се венча, црните точки на жолчката се лош знак, додека јајцето без жолчка е особено лош знак и голема несреќа.
10.Кога ќе видиш пајак на себе или на своја облека, те очекува ненадејна среќа.
11.Ако гавран лета над твојата куќа- чувај се од несреќи.
12.Кога ќе му помогнеш на животно во неволја (куче, маче…) доброто дело ќе ти се врати.
13.Првата љубичица која ќе ја најдеш во пролет, изеди ја- тоа ќе ти донесе среќа и љубов.
14.Растурено – кога ќе се расипе кафето тоа укажува на ненадејна парична добивка.
15. Не е е во ред да се менува веренечкиот прстен-тоа  значи дека животот целосно ќе се промени.
16.Ако туѓо кутре дојде пред врата и лае, тоа е знак за среќа и кучето не треба да го бркате.
17. Ако го испуштите ножот, ќе ви дојде некој маж во домот. А ако испуштите виљушка ќе ви дојде некоја жена.

 

18.Облека на маса- ако на маса се стави облека некој ќе се разболи.
19.Ако се споменува некоја болест, несреќа или било каква лоша работа, треба да се мрднете од местото- за тоа да не се повтори.
20.Дома не треба да седите со скрстени раце тоа носи тага.
21.Кога некој од куќата оди на далечен пат, не треба тој ден од куќата ништо да се дава на друг, затоа што тој пат ќе биде несреќен ако го направите тоа.
22.Кој пие кафе од оштетена шоља, ќе се омажи за вдовец или ожени за вдовица.
23.За во куќата да има пари, метлата чувајте ја со дршката надоле.
24.Кога на патот ќе ти наиде куче, работата ќе ја завршиш успешно.
25.Не е убаво да јадеш храна со нож или да го лижеш ножот- ќе се разболиш.
26.Ако пронајдете коњска потковица или дел од неа, тоа ветува среќен период.
27.Ако девојката му подари часовник на момчето или тој на неа- ќе раскинат. 
На следниот ЛИНК дознајте што значи кога ви трепери брадата, ви игра окото…Постојат голем број непишани правила во однос на работите кои може да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, вие често

Пронајдете не на следниве мрежи: