НАРОДНИ ВЕРУВАЊА ЗА ФЕВРУАРИ: Зошто се нарекува воден месец?

Февруари важи за најкраткиот месец во годината, а во народните верувања во некои делови се нарекува уште и „воден месец“.Во народот се верува дека февруари е чуден месец. Колеблив и неодлучен. Можеби затоа што е најкраток. Обично има 28 дена, а во престапните години 29.
Во народот се вели: „Кога ќе види какви се времињата, желбата за подолго траење брзо му поминува, па посакува повторно да биде краток. Желбата му се исполнува веќе наредната година“.
Работниците и пензионерите најмногу го сакаат, бидејќи месецот освен што е пократок и доаѓа по исцрпувачкиот јануари, создава впечаток дека и парите побрзо легнуваат на сметка.
Токму затоа што е најкраток месец во годината, во народот му е дадено едно име – воден. Се знае дека со водата сѐ брзо си заминува.

Пронајдете не на следниве мрежи: