Новинарот Џон Рапапорт тврди дека вирусот Зика сепак не е виновен за епидемијата која предизвикува нарушување при раѓањето бебиња, која се случува во повеќе делови од светот.Тој верува дека вистинската причина е примената на отровни пестициди што намерно се ставени во залихите на вода во 2014 година.
Што досега е познато за вирусот Зика?
Вкупниот број случаи на микроцефалија во Бразил, центарот на епидемијата, засега е непознат. Проценките се движат помеѓу 400 и 9.000 заболени.
Со други зборови, научниците не се сигурни во тоа што го зборуваат. Тие користат различни дефиниции за микроцефалија. Збунети се. Исто така, тие не го земаат во предвид огромниот број нарушувања при раѓање кои воопшто не се совпаѓаат со дефиницијата за микроцефалија.
Единствените доктори кои се свесни што се случува, се докторите од Јужна Америка, на кои навистина им значи да откријат што ги уништува животите на луѓето.
Така, бразилските и аргентинските доктори неодамна утврдија дека еден пестицид би можел да претставува причина за настанувањето на микроцефалија кај бебињата.
Иако бразилското министерство за здравство откри дека вирусот Зика е одговорен за раѓањето бебиња со абнормално мала глава и оштетување во мозокот, не е земено во предвид дека областа во која има најголем број заболени во 2014 година во залихите на вода за пиење е ставен хемиски пестицид пирипроксифен кој ги убива комарците кои пренесуваат болести.
Пирипроксифенот е создаден од јапонската компанија „Сумитомо хемикал“, која е стратешки партнер на Монсанто. Пирипроксифенот претставува инхибитор за раст на ларвите од комарците кој го менува развојниот процес на ларвата и ги убива идните комарци или ги онеспособува.
Аргентинските доктори наведоа дека овој пестицид тератоген предизвикува нарушувања по раѓањето и дека не е случајно што кај бремените жени коишто живеат во областите во кои пирипроскифенот се додава во водата за пиење, се забележани нарушувања при раѓање.
Тие додале дека Зика е релативно бенигна болест која никогаш порано не била поврзувана со нарушувања при раѓање, дури и во областите кадешто има 75% заразени.
Извештајот на аргентинските доктори се совпаѓа со извештаите на бразилските доктори за епидемијата на Зика.
Исто така, тие наведуваат дека пирипроксифенот е најверојатниот предизвикувач на микроцефалија, но и дека микроцефалијата е тесно поврзана со еколошкото загадување. Тука се вклучени и честите поплави предизвикани по сечењето дрва, но и масовната примена на хербициди кои се ставаат во сојата.
Кој го надгледува сето ова? – Луѓето коишто се заколнале дека ќе ги штитат компаниите кои произведуваат отрови и властите што наредиле тој отров да се стави во водата.Тој верува дека вистинската причина е примената на отровни пестициди што намерно се ставени во залихите на вода во 2014 година.
Што досега