НАСА издаде бесплатна електронска книга за комуникација со вонземјани

СЕТИ е непрофитна организација која се бави со трагање на вонземски интелегентни суштества. Уште од 1985 година тие ги псојуваат небата за да го бараат И-Ти и се обидуваат да ги предвидат и решат сите проблеми на оваа мисија.Во нивните истражувања СЕТИ работи на проблемите поврзани со пронаоѓање живот во вселената, а сега издадоа и бесплатна книга за тоа. Во книгата детално се обработуваат сите проблеми, пресврти и напреднувања на полето комуникација со вонземјани.
Во 2010 година, врвниот астро-физичар Стивен Хокинг предупреди дека вонземјаните може да се далеку поразвиени од нас, па оттука опасноста да се обидат да не експлоатираат нас и земските богатства, или пак сосема да не уништат. Хокинг вели дека „треба само да се погледнеме себеси и да сфатиме доколку има вонземјани, во што може да се развијат и претворат“.

 
Главниот текст во книгата се вика „Археологија, Антропологија и Меѓувселенска Комуникација“ и е напишан од главниот директор на СЕТИ, Даглас Вакох. Целта ан текстот е да обработи некои од најчестите прашања и проблеми околу комуницирањето со вонземските суштества.
Текстот ги обработува идеите на вселенска комуникација, проблеми кои можат да настанат при истата, како да ги претставиме нашите културни богатства и наследства пред вонземјаните, како и како да ги удомаќиниме.
Оваа книга може многу да ви се најде ако некој ден навистина не посетат суштества од друга планета. Истата можете да ја преземете ТУКА.Во нивните истражувања СЕТИ работи на проблемите поврзани со пронаоѓање живот во вселената, а сега издадоа и бесплатна книга за тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: