Летовите во бестежинска состојба го скратуваат животот, астронаутите масовно умираат од подмолни болести.Американските астронаути ,кои единствено летаа надвор од Земјината магнетосфера, умираат од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем предизвикани од радијација, соопштија истражувачите.
Оваа статистика ја зголемува загриженоста во врска со идеите за патувања на Месечината, Марс или подалеку, за кои е предвидено да се нудат од вселенски агенции и приватни компании.
„Знаеме многу малку за влијанието на длабоката вселенска радијација врз човековото здравје, особено врз кардиоваскуларниот систем“ – истакна Мајкл Делпи од Универзитетот во Флорида.
Од седум веќе починати астронаути коишто летале со бродот „Аполо“, тројца (43%) страдале од кардиоваскуларни болести – група болести, која вклучува инфаркт, мозочна аневризма и мозочен удар.
Тоа е 4-5 пати повеќе отколку кај астронаутите кои тренирале, но не летале (9%), и од оние кои биле на Меѓународната вселенска станица и биле поблиску до орбитата околу 11%. Заклучоците беа објавени во списанието „Scientific Reports“.
Програмата на НАСА „Аполо“, испрати во вселената екипаж од 11 члена меѓу 1968 и 1972 година. Од вкупно 24 мажи коишто летале надвор од Земјината орбита, веќе починале 8. Осмиот – Едгар Мичел, почина оваа година по завршувањето на истражувањето и не е вклучен во него.
Магнетосфера – магнетен „балон“, ги штити Земјата и нејзините жители. Астронаутите на „Аполо“ биле изложени на невидени нивоа на радијација од енергични честички, истакнува студијата.
Овие честички од галактичката радијација се опасни за човекот, бидејќи поминуваат низ кожата и ги оштетуваат клетките или самата ДНК, сметаат во НАСА.
Агенцијата планира да испрати екипаж кон Марс околу 2030 година и вели дека создавањето на антирадијациски штит ќе биде од клучно значење за време на патувањето и при истражувањето на површината на планетата.Американските астронаути ,кои единствено летаа надвор од Земјината магнетосфера, умираат од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем предизвик