НАСА неочекувано прекина пренос откако се појави НЛО во кадар!

Меѓународната вселенска станица (НАСА) пресретна НЛО, тврдат ловците на вонземјани, кои наведуваат дека преносот во живо на камерата на НАСА во еден момент прикажувал мистериозна точка, а потоа преносот неочекувано бил прекинат.„Неидентификуваниот објект беше видлив некаде помеѓу ИСС и Земјата“, навел Скот Веринг, уредник на сајтот UFO Sightings Daily и додал дека тоа траело сѐ до моментот кога камерата го зумирала објектот и го прекинала преносот.
„Го следев преносот во живо од камерата на вселенската станица, кога забележав дека камерата се фокусираше на бела точка помеѓу ИСС и Земјата. Камерата почна да го зголемува призорот, но можеше да се забележи само растечка бела точка. Светлината на НЛО-то беше до толку силна, што дури ниту најновата камера на НАСА вредна 7 милиони долари не успеала да ја изостри сликата“.
Веринг ја контактираше НАСА за да дознае што точно видел човекот којшто управувал со камерата на ИСС.
Исто така, тој ја поставил снимката на Јутјуб, коментирајќи дека белата точка изгледа како крст со светлечки прстен околу себе.
Не е утврдено зошто одеднаш дошло до прекин на преносот, ниту пак зошто НАСА се обидела да го зумира приказот на неидентификуваниот објект.
Сѐ уште се очекува официјален коментар на НАСА.
„Неидентификуваниот објект беше видлив некаде помеѓу ИСС и Земјата“, навел Скот Веринг, уредник на сајтот UFO Sightings Daily и додал д

Пронајдете не на следниве мрежи: