Нашето потекло е од вселената

Директорот на астробиолошкиот центар и ученик на познатиот астрофизичар Фред Хојл, Чандра Викрамасинг се смета за еден од најсилните и најавторитетни приврзаници на теоријата за панспермијата. Според него животот на Земјата е донесен од комета. Тој тврди дека микробите, дојдени од далечните вселенски пространства на површината на Земјата, послужиле како основ за понатамошен развој на разновиден живот.
Теоријата на професорот, според кого животот како таков се пренесува од планета на планета во текот на многу милијарди години, беше објавена на страниците на Меѓународното астробиолошко списание на Универзитетот од Кембриџ.
“Сите ние сме потомци на странци. Различни. Никој не знае како зрнцата и атомите патуваат низ универзумот и како паѓаат на една или друга планета, овозможувајќи му на животот да се роди “, смета Викрамасинг.
Според него животот може да е донесен на Земјата, на пример од Венера со помош на сончевиот ветер. Оваа претпоставка се базира на податоци добиени од вселенското летало Venus Express на Европската вселенска агенција.
Викрамасинг смета дека облаците во атмосферата на Венера содржат хемиски елементи кои се компатибилни со присуство на микроорганизми. Затоа е голема веројатноста при одредени услови микробите од горните слоеви на атмосферата на Венера да се донесени во атмосферата на Земјата.
Неверојатно е дека овој процес може да потрае неколку недели или дури и денови. Но за тоа Сонцето, Венера и Земјата треба да биле распоредени на одреден начин, што се случува само еднаш на неколку години.
“Венера и Земјата често се нарекувани сестри поради сличните геолошки карактеристики – вели Викрамасинг. – Нашето истражување укажува дека тие може да се поврзани и на биолошки план. ”
Идејата дека животот на нашата планета се појавил од вселената, ја делат и индиски научници кои открија нов вид бактерии кои живеат на височина над 40 километри над Земјата. Според експертите во оваа откритие неверојатни се истовремено два моменти. Прво, необичен е самиот факт за постоењето на живот на таква височина, и второ, сончевото зрачење таму не е такво како на површината на планетата – ултравиолетовите зраци се премногу силни, речиси како во вселената.
Откривањето на три нови семејства бактерии кои не личат ниту на еден од видовите бактерии на површината на планетата само ја зајакнува тезата. Податоците за уникатни организми се добиени врз основа на анализа на гасови, што се содржат со специјален воздушен балон, испратен од индиските истражувачи во стратосферата.
 
“Животот на височина 40 километри сам по себе е неверојатен. Двојно чудо е дека бактериите се способни да се спротивстават на суровото ултравиолетово зрачење, кое би требало прво да го убие токму нив. Целосно е можно во иднина да бидат откриени микроорганизми и на поголеми височини “, вели Пушпа Бхаргава, директор на центарот за клеточна и молекуларна биологија во индискиот град Хадарабад.
Балонот, кој ги открил бактериите ја проучувал структурата на атмосферата на висина прво на 20, а потоа на 41 километри. Техничката реализација на програмата е спроведена од Индиската организација за вселенски истражувања.
“Врз основа на теориите за потеклото на животот на планетата може да се претпостави дека новоткриените бактерии имаат вонземјени корени и паднале низ атмосферата од вселената. Се разбира, не е исклучена можноста тие исто така може да се мутанти што како последица на  некои процеси од земјата се нашле во атмосферата на рекордна висина “, дополнува Бхаргава.
извор: мегавселена.комДиректорот на астробиолошкиот центар и ученик на познатиот астрофизичар Фред Хојл, Чандра Викрамасинг се смета за еден од најсилни

Пронајдете не на следниве мрежи: