Насилен упад и кражба во редакцијата на „Курир“

Непознати лица синоќа насилно упаднале во редакцијата на „Курир“. Од порталот велат дека по низата напади и закани кои изминатиов период беа упатени врз нивните новинари, минатата ноќ просториите на редакцијата беа цел на разбојништво.Разбиена е една од балконските врати во просториите на редакцијата и украдени се лаптоп компјутери од вработени во порталот.
Ова не е првпат просториите на „Курир“ да бидат цел на напад.
Според „Курир“, до синоќешната кулминација дошло по секоjдневните неосновани атаци врз нив како медиум од страна на разни опозициски структури, но и директно од најголемата опозициска партија СДСМ.
Ваквиот упад во просториите на „Курир“ следува по низата навреди и монструозни закани по живот на наши вработени кои кулминираа во месец ноември,  кога член на СДСМ испрати смртни закани до вработена во нашиот медиум, каде им се закануваше по живот и на сите вработени, пишува порталот.
Дополнително, „Курир“ секојдневно е мета на неосновани напади од страна на најголемиот опозициски политички субјект СДСМ, кој секојдневно со разни неосновани соопштенија врши директен напад и притисок врз нашиот медиум. Повторуваме дека секое соопштение од штабот на СДСМ насочено против нашиот медиум е јасен напад врз слободата на говорот и работењето на медиумите.  Секое соопштение од штабот на СДСМ го толкуваме како директен притисок и закана по медиумот и новинарите кои работат во него, пишува „Курир“.
Упадот во просториите од порталот е пријаван во Министерството за внатрешни работи, каде направен е записник и се очекува надлежните во најбрз можен рок да ги откријат сторителите. Од „Курир“ јавно го повикуваат техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како и со сите случаи претходно во кои „Курир“ беше мета на напад, така и овој пат за упадот во нашите простории ќе ги известиме надлежните институции, странските амбасади и сите новинарски здруженија, пишува порталот.
 Разбиена е една од балконските врати во просториите на редакцијата и украдени се лаптоп компјутери од вработени во порталот.

Пронајдете не на следниве мрежи: