четврток, 12 ноември 2026
Најново

Насилството и вандализмот се враќање на животот за СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

После гласањето на новата влада на СДСМ, соцна синоќа непознати лица го демолирале влезот на Општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.Симнато е државното знаме од јарбол, згазено е и фрлено на земја. Исто така сликите од поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се искинати и фрлени на земја. Засега не е познато дали овој случај е поврзан со обидот за убиство што денеска се случи врз Тодоров.
Ваквиот чин по преземањето на власта, веднаш упатува на тоа дека СДСМ зад превезот за живот, всушност кријат желба за власт, криминал, одмазда. Тие се подготвени за реваншизам кој лично го вети Зоран Заев, со тоа што ќе менувале се по ред до чистачки.
Дополнително Заев во интервју на ТВ 24 Вести во декември минатата година отворено се закани со убиства на политичари, ладнокрвно изјавувајќи дека „нема ништо страшно ако политичари загинат“.
– Ќе паѓаат рејтинзи, и на владеачки партии и на политичари. И, ќе гинат политичари и ќе заминуваат од политика. Но гинеа нашите дедовци и татковци за оваа наша Македонија, ништо нема трагично ако политичари загинат, изјави  Заев во декември минатата година.
 

Симнато е државното знаме од јарбол, згазено е и фрлено на земја. Исто така сликите од поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се искинати

Поврзани вести