Наскоро ќе се продава кондом кој штити од ХИВ

Фирмата Starpharma од Австралија, го дизајнираше кондомот VivaGel. Имено, кондомот елиминирал 99,9% од вирусите на ХИВ и ХПВ за време на тестирањето. Доколку ги помине тестирањата на светските здравствени организации, кондомот би требало да се појави на продажните места до крајот на годинава.Овие кондоми се обложени со активна супстанца VivaGel, која делува како лубрикант, но истовремено ги уништува и вирусите, пренесе Дејли Мејл.
Презервативот бил замислен како заштита од ХПВ.
Истражувањата покажале дека секој осми човек е носител на активен ХПВ вирус со кој може да се заразат сексуалните партнери.
Овој кондом би требало да пружи речиси 100% заштита од полово преносливи болести.Овие кондоми се обложени со активна супстанца VivaGel, која делува како лубрикант, но истовремено ги уништува и вирусите, пренесе Дејли Мејл.

Пронајдете не на следниве мрежи: