Наследил стара куќа и не знаел што да прави со неа. Кога влегол внатре и го поместил мебелот открил нешто неверојатно!

  Французин, кој наследил голема куќа од свој роднина, открил во неа 100 килограми злато, сокриено во дното на  стар мебел. Човекот, чиј идентитет не е откриен, открил вкупно пет илјади парчиња злато, во монети, калапи и прачки. Вредноста на златото е проценето на 3,5 милиони евра.
Скриеното богатство било најдено во куќа во Нормандија, во мебел што новиот сопственик се подготвувал да го продаде или да го фрли.
Во куќата што ја наследил, човекот наишол на поголем број различно богатство од стари, но убаво изработени предмети и мебел.
На дното во едно од парчињата мебел, добро сокриена, тој прво пронашол метална кутија со златници, а откако продолжил да трага, се појавила сокриена кутија од виски и на крајот и цел куп од златни прачки. Вчудоневиден од откритието тој го повикал својот адвокат за да направи попис на најденто злато.

Покрај златниците, биле најдени и два златни калапи од по 12 килограми, како и 37 златни прачки, сите од по еден килограм.
Медиумите кои пишуваат за случајот, објаснуваат дека златото било легално набавено и потекнува од педесетите и шеесетите години на 20 век, но засега не се знае зашто било сокриено и оставено, цели шест децении.
Еден локален аукционер, кој пронаоѓачот на златото го повикал претходно за да го процени мебелот што требало да биде однесен од куќата и продаден, изјавил за медиумите дека богатството било „исклучително добро сокриено“. Човекот, чиј идентитет не е откриен, открил вкупно пет илјади парчиња злато, во монети, калапи и прачки. Вредноста на златото е проценето на 3

Пронајдете не на следниве мрежи: