Настанати се по грешка, а се употребуваат секој ден!

Некои производи, едноставно, настанале по грешка, а ние секојдневно ги употребуваме.Чипс: Чипсот е „измислен“ од готвачот Џорџ Кук. Во 1853 година додека работел во ресторан во Њујорк,  постојано му доаѓал муштерија и му барал пржени компири. Тој компирите ги сечел на неколку крупни парчиња и кратко ги пржел во масло, па муштеријата постојано се жалел на нивната дебелина. Кук многу се изнервирал од барањата на муштеријата, па за инает компирите ги исекол на многу тенки округли лентички и ги пржел подолго време во масло додека не станале крцкави. Муштеријата наместо да се налути, толку се воодушевил што ги препорачал на секој што го познавал.
Кока-кола: Кока-колата е настаната при обид да се направи тоник за луѓето кои имаат проблеми со воспаление на непцата. Фармацевтите го пробале тоникот и сфатиле дека има баш пријатен вкус, па му додале минерална вода. Така настанал пијалакот кој денес е толку популарен.
Вијагра: Хемичарите од фармацевтската компанија „Фајзер“ развивале апчиња за лекување на кардиоваскуларни болести. Во 1991 година тестираните субјекти покажале чудни „несакани ефекти“ во лекувањето, односно цврста ерекција. Апчињата подоцна се наречени „Вијагра“, а денес имаат сосема поинаква употреба, за разлика од првичната намена.
 
Фото: КурирЧипс: Чипсот е „измислен“ од готвачот Џорџ Кук. Во 1853 година додека работел во ресторан во Њујорк,  постојано м

Пронајдете не на следниве мрежи: