Градскиот дувачки оркестар на 24 декември(средa) во 19:30 часот, на сцената на кино „Фросина“ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.
Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон…
На концертот ќе биде изведена следната програма:
Здраво! (Hello – R. Cardon); Одведи ме до месеченитата (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos); Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North);
Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic); Фламинго (Flamingo – T.Grouya arr. H. Eminovic); На мој начин (My Way – C.Francois&J.Revaux arr. H.Eminovic) , Тико-Тико (Tico – Tico – L.Abreu arr.W.L),Девојката од Ипанема (Girl from ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic), Добс Буги ( Dobs Buggy – W.Dobschin arr. W.Tuschla), и Финалното одбројување ( Final count down- J.Tempest arr. H.Eminovic).Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.