Да се пробие пристапен пат до локалитетот, да се соберат природните изворски водотеци, да се изгради и обележи пешачка патека од локалитетот до манастирот свети Том. Ова се само еден мал дел од долгорочните планирања на наставниците и учениците од Шумарско – дрвопреработувачката струка во средното училиште „Крспе Мисирков“ во Демир Хисар. Поставувањето на пшумската бесетка, клупите и малата пешачка патека, не само што го подобрија практичниот дел од наставата, ами станаа и магнет за рекреативците од градот Демир Хисар кои, со мал пешачки труд, се чести посетители на локалитетот.Ова, покрај другото му го соопштија на градоначалникот Љупчо Блажевски наставницитеод средното училиште „Крсте Мисирков“ при посетата што ја направи кон крајот на минатата недела.
– Овој концепт го развиваме подолго време и очекуваме многу повеќе да го подобри квалитетот на наставата. Но исто така очекуваме да се обезбедат повеќенасочни придобивки кои ќе значат посебна грижа за заштита на зеленилото на овој шумски предел во близина на градот Демир Хисар, но во иднина да прерасне и во интересна форма за рекреирање и одмор на граѓаните. – вели директорот на училиштето м-р Кире Ристевски кој додава дека е исклучително задоволен од разбирањето од страна на „Македонски шуми“ за отстапувањето на дел од шумата во едукативно – рекреативни цели.
Наставниците и учениците, како и менаџерскиот тим, посветено развиваат идеи за функционално поврзување на локалитетот со манастирот свети Том кој што се наоѓа на 2 – 3 километри, источно од наставната шума, до каде што ќе се стигнува преку таканаречена ботаничка патека. Целиот локалитет да прерасне во регионален центар за настава по биологија, хемија и другите природни предмети, како за учениците од шумарската струка во демирхисарското, така и за учениците од кавадаречкото средно шумарско училиште, известуваат од Општина Демир Хисар.
Градоначалникот Блажевски беше информиран и со другите планирани активности како што се, реновирањето на фасадата на училиштната зграда, заменувањето на подните плочки во ходниците, реновирање на санитарниот јазол и уредување на споредниот влез во училиштниот двор, од западната страна.Ова, покрај другото му го соопштија на градоначалникот Љупчо Блажевски наставницитеод средното училиште „Крсте Мисирков“ при посетата ш