Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК, Ве информира дека Регионалниот одбор на СОНК – Тетово на ден 06-07-2017 година ( четврток ) со почеток во 9 часот ќе одржи јавен протест пред Општина Боговиње.Членовите на СОНК, вработени во основните училишта од оваа општина, ќе го изразат јавно своето незадоволство затоа што се уште ја немаат земено платата за месец мај оваа година. Ова се должи на немање на легитимен потписник на платните списоци во општината – немање Градоначалник, а советниците во општината водејќи се од тесно партиски интереси, сеуште не можат да донесат одлука за избор на в.д. градоначалник.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК не може да толерира ваков несериозен однос од страна на советниците на општина Боговиње и ќе ги преземе сите легални и легитимни мерки за остварување на правата на членството на СОНК.
На протестот, во знак на солидарност ќе земат учество и членовите од Регионалниот одбор на СОНК – Тетово, како и членови на семејствата на вработените во училиштата од оваа општина.Членовите на СОНК, вработени во основните училишта од оваа општина, ќе го изразат јавно своето незадоволство затоа што се уште ја немаат земено пла



