НАТО ќе го решава прашањето за сајбер- нападите

Министрите за одбрана од 28 членки на НАТО се состанаа во денес за темата сајбер одбрана, поради загриженоста од зголемените сајбер напади.
„Овој предизвикот еволуира цело време, и веројатно многу побрзо од било која друга закана со која се соочуваме во моментов“, изјави еден висок функционер на НАТО кој побара да остане анонимен.
„Мора да бидеме сигурни дека НАТО е во чекор со заканата “, додаде официјалното лице.
Новоименуваниот Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел, кој ќе присуствува на неговиот прв состанок на НАТО откако ја презеде функцијата, го направи ова прашање приоритет.
Во Сингапур во саботата тој ја обвини Кина за сајбер шпионажа против САД, откако беше пронајден доказ за кинеска кампања  на шпионажа против врвни американски офицери за одбрана и владини агенции.
САД ја изрази нашата загриженост околу растечката закана од сајбер- напади, од кои некои се чини дека се врзани за кинеската влада и војската “, изјави тој на годишна конференција позната како Дијалог Шангри-Ла.
Хејгел го притисна Пекинг да се придржуваат до “меѓународните норми на одговорно однесување во сајбер просторот”, признавајќи дека воспоставувањето на заедничка сајбер безбедносна работна група беше позитивен чекор во зајакнувањето на дијалогот.
Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен се изјасни дека оваа година сајбер-безбедноста е клучно прашање.
„Воените сили на САД биле принудени да ја зајакнат својата одбрана после неколку напади, меѓу кои спаѓа и нападот на  „Анонимус“, рече тој.
Раните хакерски напади од страна на Србите за време на кампањата на НАТО во Косово кон крајот на 1990-тите ја предупреди Алијансата на опасност. Во 2008 година, НАТО воспостави сајбер-одбранбен центар во Талин, Естонија, една од најпознатите поврзани земји во светот и која самата беше нападната претходната година.Министрите за одбрана од 28 членки на НАТО се состанаа во денес за темата сајбер одбрана, поради загриженоста од

Пронајдете не на следниве мрежи: