Единствено правило е дека нема правило! Може да го чуете ова од страсните гастрономи кога ќе ги прашате кое правило треба да се следи при спарување храна и вино. Таквиот став е легитимен, под некои околности, па дури и точен, но потполно е некорисен и погрешен. Всушност, лицето кое тврди дека не постојат правила, ќе се повика на фактот дека компатибилноста на некои јадења и вина од главните состојќи, која е обично основата за впарување, влијае на огромен број други фактори, како што се начинот на подготовка, зачини, температура, сезона, лични афинитети или атмосферата во друштво. Сите фактори не можат да се предвидат, па затоа и непостојат правила.
Сепак, тоа е точно само за софистицираните познавачи на двете сцени – вино и гастрономија, долго и меѓународно искуство барем делумно. За сите останати, особено за оние кои се на патот за собирање искуство или за оние кои немаат амбиција да ја достигнат гастрономската нирвана, но ете се нашле тука поради животните околности, секој знак и секое правило без оглед на бројот на исклучоци е скапоцено.
Пред да дојдете до самиот избор на вино за одредена храна, имајте ги во предвид овие неколку совети кои ќе ви го олеснат изборот и до побрза конечна одлука.
Едно или повеќе вина
И двете верзии функционираат. Поголемиот избор на вина во рестораните ја олеснува одлуката за повеќе вина и за поголемо искуство, но и изборот на само едно вино има свои предности, порелаксирано е. Доколку се одлучите за повеќе вина, пазете да не претерате со бројот на избори, бидејќи само најискусниот кадар и добро координираните со промена на чашите успеваат да сервираат ново вино истовремено со нова низа на храна.
Нарачување
Генерално од свежи до повеќе суви, накај зрели, па на крај послатки. Од лесни до потешки. Од бели до црни. Меѓутоа, одредени јадења може да ве принудат и на поразличен распоред, па не двоумете се да изберете освежувачко розе, а да продолжите со жив ризлинг ако ситуацијата бара.
Текстура
Процесот на подготовка е важен како и изборот на главните состојки. Па размислувајте за текстурата на храната и побарајте стилска комбинација со виното. Кога знаете како е подготвена храната, многу полесно ќе се одлучете за сорта на вино.
Зачини
Знаат од корен да ја променат основата на главната состојка. На пример, суровата риба е полесна отколку варената, но најчесто се служи со сок од лимон, рукола и балсамик оцет, па затоа одберете нешто со поизразен вкус, свежо ризлинг или Ново Зеланд-ски совињон.
Риби и водни суштества
Кавијар-суви пенливи и шампањ(означени со brut или extra brut). Риба Карпачо и ладна салата со морски плодови – живи бели вина со нагласена киселост и интензивна арома, свежо сув совињон, германски ризлинг, грунер велтлинер (австриско, чешко бело вино).Бела риба, послаб вкус (варена) – светли вина; Бела риба, изразен и тежок вкус (печена, фурна)-свежи вина со нагласена минералност, повеќе жив ризлинг, мацерирана малвазиа; Мрсна риба со интензивен вкус-посилни бели вина, мацерирани мараштина, посип, шардоне, малвазиа. Туна-ризлинг, грунер велтлинер од Австрија и Германија.
Лосос-специфичен вкус и посебна категорија, пинот со минералност, може појако шардоне, а доколку е димен, Пино Ноар или Ласин. Ракови – интензивниот вкус на раковите бара и поинтензивно, но свежи вина – суво ризлинг, полу-сув мускат, свеж траминец од постудените подрачја. Шкампи – сосовите истакнуваат сладок вкус на нив, па затоа бараат полу-суво бело вино. Јастог – кога е на скара, одличен е со шампањ или пенливо вино, шардоне, Пино Грис. Остриги – кога се сурови одат со минерални вина кои рефлектираат свежина, како што е Малвазиа.
Тестенини
Секогаш зависи со каков сос се служат и начинот на подготовка. Па пример, со кремасти сосови одат бели и полесни вина, со сос од домати оди Франковка и други континентални овошни – црни вина, кога сосот е збогатен со месо, тогаш изерете појаки вина, моќно црвени, како што е Теран или Истарски Мерлот.
Лазањи- со класични оди Теран, Chianti (познато италијанско), Каберне франк. Пилешко-најмногу неутреално месо кое зависи од начинот на подготовка и сосови. Кога е лесно подготвена бара и полесни вина, како Пинот бело или шардоне од Пригорје, доколку е печено и крцкаво бара помоќни вина, како шардоне од Кутјево, Ризлинг од Барања.
Сирење
Најтешка категорија на спарување, но генерално може да се каже, дека со меки и лесни врсти на сирење оди Ризлинг или Шардоне средни ноти, а со тврди и пикантни одат Дингац или Ивана Долац, Амароне (италијанско). Ароматичното сирење, зависи од типот на вкусот и соленоста на самото сирење, со кои одат слатки вина.
Слатки/торти
Со нив избегнувајте вино, бидејќи полесно ќе го промашите отколку што ќе го погодите. Со многу суви колачи и бисквити се служи слатко шери или амарето, мускат, со чоколадни колачи/торти – Порто, а со плодови, ореви, бадеми, лешници се служи благо Шери.
Таквиот став е легитимен, под некои околности, па дури и точен, но потполно е некорисен и погрешен. Всушност, лицето кое тврди дека не постојат пра