Научниците од Универзитетот Грифит, ги преиспитале основите на квантната физика со радикална нова теорија која се заснова на постоењето и интеракцијата помеѓу паралелните универзуми.Во научното истражување, кое беше објавено во престижното списание „Physical Review X“, проф. Хауард Вајзмен и д-р Мајкл Хал од Центарот за квантна динамика, како и д-р Дирк Андре Декерт од Универзитетот во Калифорнија, сугерираат дека паралелните светови навистина постојат и влијаат еден на друг.
Тоа значи дека тие не еволуираат независно, туку дека влегуваат во интеракција во вид на суптилни сили на одбивање.
Научниците сметаат дека таквиот однос може да ги објасни необичните појави во квантната механика.
Квантната теорија опишува дека вселената функционира на микроскопско ниво и се смета дека таа може да се примени на целата материја. Меѓутоа, некои феномени им се спротивставуваат на постоечките закони.
Сепак, во новиот пристап се надминуваат тие проблеми.
Ова се новите тези:
– Универзумот во кој се наоѓаме е само еден од многуте светови. Некои се идентични на нашиот, додека поголем број се потполно различни.
– Сите тие светови се подеднакво реални, континуирано постојат низ времето и имаат прецизно дефинирани својства.
– Сите квантни феномени потекнуваат од универзалната сила на одбивањето помеѓу соседните светови, поради што тие стануваат сѐ поразлични.
„Помеѓу тие две крајности, теоријата предвидува нешто што не ѝ припаѓа ниту на едната, ниту на другата сфера. Ние веруваме дека со создавањето на нова слика за квантните ефекти, би можеле да ги тестираме квантните феномени“, вели д-р Хал.Во научното истражување, кое беше објавено во престижното списание



