Научниците докажаа дека свеста подлежи на физиката

Научниците добија нов доказ дека физиологијата на човекот е потчинета на неговата психа.Според резултати од експерименти, нивото на гликоза во крвта на дијабетичари се менувал во зависност не од реално, туку од имагинарно време (колку минути, според испитаните, поминале од почетокот на експериментот). Резултатите се објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
Во последно време научниците наоѓаат нови манифестации на „плацебо ефектот“ – физиолошки промени во организмот кои произлегуваат без присуство на биолошки причини. При игри со улоги, на пример, на играчите со улоги на пилоти од Воено-воздушните сили им се подобрува видот. Авторите на новата студија решиле да проверат дали свеста влијае на телото при хронични болести, како дијабетес од втор тип.
Вкупно 46 доброволци на приближно еднаква возраст (околу 50 години) биле поканети во лабораторија и поделени на три групи. Учесниците во експериментот ги предале сите уреди кои покажуваат време (смартфони, часовници, таблети). Потоа, 90 минути играле различни видео игри. Како што лабораторискиот часовник на едната група го покажувал точното време, на другата – два пати побавно (45 минути), на третата – два пати побрзо (180 минути), пренесе Mediapool.
Се покажало дека степенот на гликоза во крвта на дијабетичарите повеќе зависи од „имагинарното“ време отколку од објективното прикажано во јавноста. Кај оние кои биле убедени дека поминале 180 минути, гликозата била помала отколку кај оние кои биле сигурни дека одиграле само 45 минути.
Научниците се увериле дека други фактори (стрес, организација на експериментот) практично не влијаеле врз резултатите.
Заклучокот е дека чисто психолошки процеси можат суштински да ги променат „природните“ (физиолошки) феномени.Според резултати од експерименти, нивото на гликоза во крвта на дијабетичари се менувал во зависност не од реално, туку од имагинарно време (колку

Пронајдете не на следниве мрежи: