Научниците откриле дека мумифицирањето настанало порано од очекуваното

Мумифицирањето настанало 1500 години порано отколку што претпоставувале научниците досега, пренесуваат новинските агенции, цитирајќи едно научно истражување кое е објавено на страницата PLOS ONE.Специјалистите сметаат дека помеѓу 4500 и 3100 година п.н.е., мумифицирањето во Египет се изведувало само преку сушење на трупот на природен начин, со помош на сув и топол песок од пустината.
Пред да се усовршуваат техниките за балсамирање, Египќаните ги праќале мртовците во задгробниот живот, така што ги закопувале во песочни гробови. Според информацијата на австралиските и британските научници, смолата од мумиите датира од 2200 година п.н.е. Со тоа се зголемува интервалот од 2000 до 1600 година п.н.е.
Специјалистите одлучиле да ги истражуваат и ткивата на мумиите во египетските гробници кои датираат од 4500 до 3500 година п.н.е. Тие ги анализирале техники кои биле применувани при балсамирањето. Египќаните користеле борова смола, маслодајни растенија, екстракт од мирисни растенија и животинска маст.

Заклучокот од направените анализи покажува дека слични супстанции биле користени за балсамирање минимум еден милениум порано отколку што било претпоставувано. Со истите приготвени супстанци се служеле и балсаматорите дури 3000 години подоцна. Ова е периодот кога оваа техника веќе е исклучително популарна. Обидите за чување на човечкото тело по смртта преку вештачка обработка се карактеристични за многу култури и обично се од религиозен карактер. Несомнено, Египќаните се најпознати во оваа област поради мумиите на нивните фараони, иако тие се само мал дел од сите староегипетски мумии.
Античките Египќани ги мумифицирале труповите на мртовците, бидејќи сметале дека за да може еден човек да живее вечно, неговото тело треба да се зачува недопрено. Тие верувале дека човекот има душа и тело кои треба да се една целина за да може тој да отиде во задгробниот живот.
Затоа и телата на мртвите биле зачувани како мумии. Освен тела на луѓе, во Египет се мумифицирани и животински трупови. За нив, египтолозите сметаат дека се скапоценост на нивните сопственици или пак, дека само се доживувани како божествени инкарнации.Специјалистите сметаат дека помеѓу 4500 и 3100 година п.н.е., мумифицирањето во Египет се изведувало само преку сушење на трупот на природен начин,

Пронајдете не на следниве мрежи: