Експертот за вода од американска НАСА, Џеј Фамиљети, предупредува дека на Земјата ѝ се заканува катастрофа за која никој не зборува, а последиците би можеле да бидат глобални и да се почувствуваат во сите сфери од животот.Водата е извор на животот, а неговото предупредување се однесува токму на водата.
Тој е еден од авторите на истражување кое пред неколку години е објавено во угледното списание Science, а во кое заклучува дека сувите подрачја на Земјата дополнително се сушат додека натопените сѐ повеќе тонат под вода.
Поради тоа, во последните неколку децении копното има впиено дополнителни 3,2 трилиони тони вода која се складира во земјата, езерата и подземните води, со што се успорило зголемувањето на нивото на морињата при топењето на глечерите за 20%.
Но, сувите предели од Земјата дополнително се сушат и никогаш не постоел поголем контраст помеѓу сувите и натопените подрачја на Земјата. Натопените подрачја ја вклучуваат реката Мисури, северен Амазон и делови од Африка, додека дополнително се исушиле подрачјата на Блискиот Исток и Северна Африка. Многумина ја наведуваат долгогодишната суша како еден од зачетниците на сириската криза.
Резултатот на таквата поларизација и нееднаквиот пристап кон вода за пиење би можел да има последици во сите животни сфери: од глобални миграции, економски и политички нестабилности, па сѐ до изумирање на видовите.
„И покрај истражувањата кои покажуваат дека се подготвува голема катастрофа, ништо конкретно не се презема за да се стави крај на проблемот со водата за пиење“ – заклучува Фамиљети.Водата е извор на животот, а неговото предупредување се однесува токму на водата.
Тој е еден од авторите на истражување кое пред неколку го



