Научниците потврдија: Гушкањето дрвја е добро за здравјето на човекот

Сигурно сте слушнале за терминот „гушкач на дрва“, кој им се припишува  на луѓето кои се грижат за животната средина и планетата. Но, дали сте знаеле дека гушкањето дрвја всушност може да го подобри вашето здравје? Во книгата кој беше објавена од страна на авторот Метју Силверстоун „Заслепен од науката“, преку докази се потврдува здравствената бенефиција на дрвјата, вклучувајќи ги и ефектите кои ги имаат врз различните проблеми како што е депресијата, нивото на концентрација, па дури и врз способноста да се намалат главоболките. Оваа практика датира уште од древните времиња.
Во книгата се наведени голем број на студии кои посочуваат дека децата покажуваат екстремни психолошки и физиолошки ефекти во однос на нивното ментално здравје и благосостојба, доколку редовно комуницираат со растенија и дрвја.
Здравствен извештај кој ја истражуваше врската помеѓу зелените површини и менталното здравје, заклучи: „Пристапот до природата може значително да придонесе за нашата ментална и општа благосостојба.“
Исто така, една друга студија ја покажува ефикасноста на природата при ублажувањето на симптомите на депресија, па дури и го зголемува вниманието и работната меморија. Во еден друг извештај се вели: „Зелените површини можат да бидат ефективни исто како лековите кои се препишани на рецепта, а помагаат при лекувањето на некои форми на ментални болести.“

Како треперењето на растенијата влијае на нас?
Сѐ во целиот свет вибрира, сè е вибрација. Различни вибрации влијаат врз биолошкото однесување. Па така, кога некој ќе допре едно дрво, или е во близина на едно дрво, различните модел на вибрација ќе влијае врз различните биолошки однесувања во човечкото тело.
– Луѓето во Јапонија практикуваат „шумско капење“, кадешто во тишина го поминуваат времето за апсорбирање на мудроста на древните шуми, правејќи долги прошетки меѓу дрвјата за да го стимулираат нивниот имунолошки систем. Во таоизмот, студентите се охрабруваат да медитираат меѓу дрвјата и се верува дека дрвјата ја апсорбираат негативната енергија, која се заменува со здрава. На дрвјата се гледа како на извор на емоционално и физичко исцелување“, пренесува NatureAndHealth.com
Што можете да почнете да правите?
1. Донесете растение во вашиот канцелариски простор.
2. Кога одите на прошетка, изберете патеки каде што ќе шетате низ паркови или природа со дрвја.
3. Однесете ги своите пријатели и семејството во области кои изобилуваат со многу дрвја.
4. Засадете растенија во градината и поминувајте време во природа. Поврзете се со вашата храна и земјата.
5. Засадете дрво во дворот, или дури и во некоја област за која што мислите дека е потребно да изобилува до дрва.
6. Најдете време да бидете меѓу дрвја секој ден, или барем секој втор ден. Не плашете се ниту од тоа да гушнете некое дрво!Во книгата кој беше објавена од страна на авторот Метју Силверстоун „Зас

Пронајдете не на следниве мрежи: