Дали „невидлива ласерска обвивка“ би можела да ја сокрие Земјата и да спречи инвазија на вонземјаните? Некои експерти сметаат дека тоа е можно.
Двајца астрономи изјавија дека ласерските емитувања со контрола на зраци би можеле да создадат невидлива обвивка околу Земјата, која ќе овозможи слабеење на светлината при доаѓањето на нашата планета пред Сонцето.
Според зборовите на експертите, интелигентните вонземјански цивилизации можеби трагаат по Земјата на ист начин како што ние трагаме по вонземјаните: со трагање по аномалии во сончевата светлина. Токму затоа, тие сметаат дека би требало да се емитува ласер во небото кој ќе ги сокрие промените во осветлувањето и ќе ја сокрие нашата планета од вонземјанските телескопи.
Со помош на метод за забележување на светлосни аномалии, НАСА откри 1.000 нови планети, меѓу кои се наоѓаат неколку што личат на Земјата и кои се наоѓаат во тн. зона за населеност (постојат услови за живот).
Меѓутоа, можно е некои други напредни цивилизации кои населуваат други делови од вселената, да имаат усвоено слични техники за да го сокријат својот свет од потенцијални непријатели.
Проф. Дејвид Кипинг и неговиот ученик Алекс Тичи од универзитетот Колумбија во Њујорк, веруваат дека вонземјанските астрономи користат слични техники за воочување на населливи зони, но и дека некои од нив не се толку пријателски настроени и дека би било добро да ја заштитиме планетата.
Тие веруваат дека тоа може да се постигне со емитување на ласер од 30 MW во рок од 10 часа секоја година.
„Нашата идеја му нуди на човештвото заштита од потенцијален напад на вонземјани“ – објасни проф. Кипинг.
Нивниот научен труд е објавен во журналот на Кралското астрономско друштво.
Двајца астрономи изјавија дека ласерските емитувања со контрола на зраци би можеле да создадат невидлива обвивка околу Земјата, која ќе овоз
Пронајдете не на следниве мрежи: