Научниците тврдат дека имаат пронајдено деветта планета!

Двајца астрономи од Калифорнискиот институт за технологија (Калтек), тврдат дека откриле нова планета во Сончевиот систем која привремено ја нарекле „Деветта планета“, пишува Вашингон пост.Станува збор за замрзнат гигант, три пати поголем и десет пати потежок од Земјата, кој се „крие“ на самиот раб од Сончевиот систем.
Астрономите Мајкл Браун и Константин Батигин, чие истражување е објавено во списанието „Астрономски журнал“, наведуваат дека сѐ уште директно ја немаат набљудувано оваа оддалечена планета, но дека имаат доволно докази за нејзиното постоење.
Дека постои „Деветта планета“, тие заклучиле врз основа на „движењето на неодамна откриени џуџести планети и помали вселенски објекти надвор од Сончевиот систем“.
„Тие мали вселенски тела имаат орбити на кои, по сѐ судејќи, влијае гравитацијата на скриена планета“ – наведуваат астрономите кои веруваат дека некогаш одамна планетата била оттурната длабоко во вселената под дејство на гравитационите сили на Јупитер и Сатурн.
Тие сметаат дека е готово невозможно директно да се набљудува оваа планета која е 20 пати оддалечена од Нептун и 10.000 пати помалку светла од Плутон.
„Од античко време до денес, човекот има откриено две планети, а оваа би била трета“ – изјавил Браун, наведувајќи дека поголеми делови од нашиот Сончев систем сѐ уште не се истражени.Станува збор за замрзнат гигант, три пати поголем и десет пати потежок од Земјата, кој се „крие“ на самиот раб од Сончевиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи: