Научно докажано: 10 работи кои ќе ве направат посреќни!

Секој од нас посакува да биде среќен, веројатно никаде не постои некој кој не би го посакал тоа. За таа цел ние издвоивме 10 работи кои според науката би ве направиле посреќни.1. Повеќе вежбајте – 7 минути можат да бидат доволни
Можеби сте слушнале или прочитале до сега за 7 минутниот тренинг кој најчесто е спомнуван во Њујорк тајмс. Па, ако мислевте дека немате време за вежбање, можеби после се сепак би одвоиле 7 минути за вежбање.
Вежбите имаат големо влијание врз нашата среќа и благосостојба, научно е докажано дека токму тие можат да бидат ефикасна стратегија за надминување на депресијата. Во една студија наведена во книгата на Шон Ахор, тестирани се три групи на луѓе: едни кои ја лечат деприсијата со вежби, други кои ја лечат депресијата со лекови и трети кои ја лечат депресијата со комбинација од овие две работи. Групите биле тестирани во рок од 6 месеци а резултатите биле следните: 38 отсто од оние кои земале само лекови се вратиле назад во депресија, оние кои правеле комбинација со лекови и вежби, биле само малку подобри од претходните па кај 31 отсто од нив се вратила депресијата, а вистински шок е резултатот од онаа група која ја лекувала депресијата само со вежби – нивната релапс стапка изнесувала само 9 проценти.
Ова не значи дека треба да бидете депресивни за да почнете со вежбање. Вежбите исто така служат и за релаксирање, повраќање и зголемување на моќта на мозокот, за подобрување на изгледот на вашето тело дури тогаш кога не мора да изгубите одредена тежина.
На фотографијата можете да погледнете што му прави вежбањето на вашиот мозок – ги ослободува протеините и ендорфинот што придонесува да се чувствувате посреќни.
Направете се себе си посреќни – вежвајте!

2. Повеќе спијте – ќе бидете помалку чувствителни на негативни емоции
Знаеме дека спиењето му помага на нашето тело да се опорави од напорниот ден, и исто така помага да бидеме по фокусирани и по продуктивни во текот на наредниот ден. А како што кажува науката, спиењето исто така многу придонесува за нашата среќа.  Резултатите од истражувањата велат дека оние луѓе кои се лишени од спиење не успеваат да се потсетат на убавите и пријатни спомени, туку напротив, се потсеќаат само на мрачните моменти.
Во еден експеримент на Вокер, студенти кои биле лишени од спиење се обиделе да запамтат листа со неколку зборови. 81% од нив се сеќавале на зборови со негативна конотација како што е на пр. Зборот „рак“, а на зборовите со неутрална или позитивна конотација како што е на пример зборот „сонце“ се сеќавале само 31% од испитаниците.
Друга студија пак покажува дека спиењето влијае на нашата чувствителност кон негативни емоции. Оние кои работат по цели денови без да дремнат попладне, стануваат по чувствителни при крајот од денот здобиајќи се со негативни емоции како страв и лутина.
Се разбира, колку подобро и колку поголго пиеме, тоа ќе влијае и на она како ќе се чувствуваме кога ќе се разбудиме, што може да ни го промени текот на целиот ден. На оваа слика е покажано како активноста на мозокот се намалува, па според тоа колку е важно спиењето за вашата продуктивност и среќа.
3. Доближете се до работното место
Менувањето на местото на живеење или нашата канцеларија, може да има изненадувачки ефект врз нашата среќа. Помислата дека треба да одиме два пати во текот на денот до работа, и тоа да го повторуваме 5 пати во недлата, не прави се помалку среќни.
Многу работи кои прифаќаме да ги правиме не не прават среќни на долг рок како што тоа е случај со секојдневното долго патување до работното место  притоа земајќи го во предвид страшниот сообраќај и сета гужва по улиците. Како што  би рекол психологот Даниел Гилберт „Возењето во сообраќајниот хаос е поинаков  вид на пеколот секој ден.“
Научниците настојуваат сето ова да се замени со една поголема куќа каде ќе можете да имате своја работна просторија или пак да ја замените својата работа, со некоја друга која ќе биде поблиску до вашето место на живеење.

 
4. Поминувајте повеќе време со вашите пријатели и семејството
Да останете во контакт со вашите пријатели и семејството е една од топ 5-те работи кои би сакале да ви се остварат пред да умрете.
Неколку истражувања покажале дека времето поминато со пријателите и семејството прави голема разлика во тоа колку среќни ќе се чувствуваме.
Ние сме среќни кога имаме семејство, ние сме среќни кога имаме пријатели и речиси сите други работи што мислиме дека не прават среќни се всушност само начини за добивање на повеќе пријатели.
Вајн вели:„ Единствено нешто што навистина е важно во животот се вашите односи со другите луѓе“
Друга студија пак покажа дека односите со другите луѓе и степенот на подготвеност да им помогнеме на истите се важни фактори кои го чинат нажиот живот подолг и далеку посреќен.
Предвидувањата на научниците психолози беа дека оние кои се чувствуваат многу сакани и среќни  ќе живеат многу подолго од другите. И тоа се оствари. Сите оние кои им помогнале на нивните пријатели и соседи во неволја, ги советувале и се грижеле за нив, доживеале по длабоа старост од останатите.
5. Излезете надвор – среќата најдобро се доживува на температура од 13,9 степени целзиусови
Шон Ахор препорачува своето време повеќе да го трошиме надвор на свеж воздух за да се подобри нашата среќа.
Одењето надвор на убаво време исто така има голема предност – една студија покажа дека 20 минути потрошени надвор на добри временски услови не само што го зголемуваат доброто расположение, туку допринесуваат за подобро размислување и ја  подобруваат работната меморија.
Ова е прилично добра вест за оние кои се загрижени за вклучување на нови навики во веќе преполнетиот распоред со обврски во текот на денот. Дваесет минути се сосема доволни за да поминете кратко време надвор, а тоа можете да го направите за вашата пауза за ручек.
Една студија од Велика Британија исто така покажа дека престојот надвор неколку минути во текот на денот ги прави луѓето посреќни:
Да се биде надвор, во близина на морето, едно сончево попладне од викендот е совршено место за повеќе од луѓето. Всушност, учесниците во истражувањето докажаа дека многу посреќни се оние кои живеат во природните средини надвор од градот, отколку оние кои живеат во урбаните средини.
Американската метеоролошка станица во 2011 година направи истражување кое вели дека моменталната температура има поголем ефект врз нашата среќа одколку брзината на ветерот и влажноста на воздухот. Истражувањето исто така покажа дека среќата е најголема кога надворешната температура ќе изнесува максимум 13,9 степени целзиусови, затоа внимавајте пред да излезете надвор за вашите 20 минути на свеж воздух.
6. Помагајте им на другите
За да ја почувствувате среќата во себе, треба да ја почувствувате кај другите околу вас. Затоа најдобро е кога им помагате на другите. Со тоа ги правите нив среќни, им крадете насмевки и позитивна енергија, која се префрла кај вас и дефинитивно знае да ве направи посреќни.
Според одредени истражувања, најповолно би било да посветиме 100 часа годишно, помагајќи им на другите. Со овие 100 часа си го зголемувате нивото ан среќа на годишно ниво, се опуштате и чувствувате среќа во поголемиот дел од времето.
Пробајте, дури и ако помагате на другите повеќе од 100 часа годишно, само ќе си ја дуплирате среќата и ќе уживате во животот.

 

7. Направете лажна, пластична насмевка
Понекогаш не ни е до смеење, но тоа не значи дека не може да имровизираме лажна насмевка пред другите. Дали знаете дека таа лажна насмевка, во еден момент може да се претвори во вистинска насмевка и да се смеете од срце?
Мускулите на лицето се шират, а со тоа што се трудите да имате лажна насмевка, му праќате информација на мозокот дека треба да бидете весели, среќни и со насмевка на лицето. Со тоа само си помагате себе си, трансформирајќи ја лажната насмевка во вистинска.
8. Планирајте патување иако тоа нема да се случи
Гледајќи се себе како патувате во некоја друга земја и се тргате од секојдневните рутини, ве опушта и ве прави среќни. Секогаш кога планираме некое патување сме возбудени и со нетрпение чекаме да дојде денот кога ќе се реализира патувањето.
Помогнете си себе си, бидете среќни со тоа што за момент ќе го измамите мозокот, ќе планирате патување за кратко време иако во реалноста тоа нема да се случи.
Ќе се почувствувате многу подобро и дефинитивно ќе бидете со насмевка на вашето лице.

9. Медитирајте
Медитацијата е најдобрата работа за опуштање на човечкиот мозок, негово закрепнување како и обнова. Сигурно сте прочитале дека оние луѓе кои медитираат барем 15 минути дневно се посконцентрирани, повесели, фокусирани и успешни.
Во тие луѓе може да сте и вие ако решите да медитирате барем 15 минути дневно. Медитацијата ќе ви даде мир, спокој и среќа кои ви се навистина потребни во овој брз и динамичен живот.
10. Избалансирајте ја среќата со личната сатисфакција
Ова е едноставна стратегија за оние кои имаат високи цели во животот кои им даваат сила и мотивација за успех. Таа сила и мотивација и помага на среќата, односно ви помага вас да бидете повесели, полни со ентузијазам, лична сатисфакција, позитивна енергија и среќа.
Секој ден размислете на трите најдобри и најсреќни моменти од денот што ви се случиле. Уживајте додека мислите на нив, а потоа размислете на трите работи кои набрзо сакате да ви се случат и да ги исполните.
Ќе почувствувате колку таа среќа е неверојатно силна во вас и ви дава енергија и сила за иднината која ве очекува.1. Повеќе вежбајте – 7 минути можат да бидат доволни
Можеби сте слушнале или прочитале до сега за 7 минутниот тренин

Пронајдете не на следниве мрежи: