НАУЧНО ОБЈАСНУВАЊЕ: Како Мојсеј преминал преку Црвеното Море?

Оваа недела, во светските кина почна да се прикажува филмскиот спектакл на Ридли Скот „Егзодус: Богови и кралеви“, со Кристијан Бејл во улога на Мојсеј.Судејќи според најавата, филмските обожаватели ги очекува епски спектакл во кој клучната сцена ќе биде бегството на Евреите преку Црвеното Море кое се отвора за Мојсеј и по преминувањето надојдената вода ја дави египетската војска.
Помалку или повеќе, преминот на Мојсеј преку Црвеното Море луѓето го доживуваат како чудо, но постојат и скептици.
Софтверскиот инжинер Карл Друс, кој себеси се опишува како христијанин кој ја прифаќа научната теорија за еволуцијата, верува дека настаните навистина се случиле, но и дека за нив постои разумно објаснување, пренесува Washington Post.
„Тврдам дека тој историски настан кој е опишан во Библијата, се случил во 1250 година п.н.е. и дека сеќавањето на истиот е пренесен во Библијата. Луѓето од тоа време му ги препишале заслугите на Господ.“
Неговата научна работа е детална, објавена и прифатена од страна на Националниот центар за атмосферски истражувања, каде што и самиот тој работи.
Теоријата на Карл Друс навистина држи вода, вели експертот за урагани Грег Холанд:
„Дали морето навистина се разделило? Тоа никогаш нема да го дознаеме, но благодарејќи на работата на Карл Друс, сега знаеме дека такво нешто навистина можело да се случи.“
Како? Прво, Карл тврди дека Мојсеј не преминал преку денешното Црвено море, туку дека хебрејскиот израз во Стариот завет означува „море на трските“ во делтата на Нил.

На прв поглед, точното место на преминувањето на Мојсеј би требало да биде лесно за наоѓање, но историчарите веќе со векови наназад дебатираат за тоа на што точно имињата од Библијата се однесуваат. Фактот што делтата на Нил во последните 3000 години драматично се сменила, исто така не помага.
Со помош на претходните истражувања на оваа тема, Друс ја сместил местоположбата на Мојсеј пред да тргне да го преминува Црвеното Море, на бреговите на езерото Танис, во близина на кое Нил се влева во Средоземното Море.
Тоа би значело дека „морето на трските“ е всушност езерото Танис, кое „било плитка лагуна која изобилувала со одлични услови за раст на трска“, вели Друс. Меѓу другото, делтата на Нил и до ден денес изобилува со бројни трски.
Лагуната била длабока неколку метри, воедно била и непреодна без пловила кои Мојсеј и Евреите не ги имале.
Но, иако немале војска и бродови за бегство, старите Евреи имале многу среќа со временските неприлики, уверен е Карл.
„Временскиот феномен кој е попознат како `одбивање на ветерот`, е специфичен за некои подрачја во кои силните ветрови можат да ја `поместат` водата во близина. Таков е случајот и за поместувањето на водата пред Мојсеј“, тврди Друс. Тој додал дека водата просто се прелеала од едниот крај на езерото на другиот, а со тоа привремено источниот дел од брегот останал сув.
Неговата теорија содржи многу дупки, но нуди научно базиран одговор на чудото кое многумина го земаат здраво за готово.
„Верата и науката можат да бидат компатибилни доколку сте подготвени да ги земете во предвид останатите интерпретации на Светото писмо и да размислите за идеите како нешто можело да се случи“ – објаснува тој.
Судејќи според најавата, филмските обожаватели ги очекува епски спектакл во кој клучната сцена ќе биде бегството на Евреите преку Црвеното Море кое

Пронајдете не на следниве мрежи: