Навивачите на Пелистер и Шкендија ги наполнија стадионите во Битола и Тетово

Одлична посетеност на двата прволигашки натпревари во домашниот шампионат.На градскиот стадион во Битола, популарниот „Тумбе Кафе“, присуствуваа дури 3000 љубители на македонскиот фудбал, односно навивачи на битолски Пелистер.
Со надополнение дека навивачката група на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“ нагласија дека сакаат нов стадион, или нов или реновиран „Тумбе кафе“. Инаку, може да се потенцира дека стадионот во Битола доби видливо „шминкање“, добар тревник и воведување на санитарни простории.
Од друга страна, фантастична бројка на градскиот стадион во Тетово, дури 6000 љубители на македонскиот фудбал, односно навивачи на Шкендија присуствуваа на мечот меѓу екипите на Шкендија и Хоризонт Турново. Фановите на тетовска Шкендија имаа можност да ја поздрават компанијата „Еколог“ која се одлучи да инвестира и финансира во Шкендија, па по огромното лоби кај навивачите на овој тим што вроди со плод, сопственикот на „Еколог“, Лазим Дестани, придружуван од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше поздравен од големиот број посетители со разни транспаренти на кои во главно пишуваше „Ви благодариме Еколог“.
Може да се поздрави и бројката во Гостивар и Кичево, имено, на мечот меѓу екипите на Гостивар и Еуромилк присуствуваа околу 2500 гледачи, додека пак на натпреварот во Кичево меѓу екипите на Напредок и Ренова присуствуваа околу 1000 љубители на фудбалот.
Фото: pelisterfc.comНа градскиот стадион во Битола, популарниот „Тумбе Кафе“, присуствуваа дури 3000 љубители на македонскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: