Народното движење за Македонијам, изразува вчудоневиденост од крајно несоодветниот тактички приод на македонската дипломатија во врска со силниот офанзивен дипломатски притисок од страна на албанската и косовската влада врз Македонија.Имено, на вербалната нота на Косово до Македонија и заканите со вето во НАТО од страна на албанскот премиер, сведоци сме на крајно невообичаена дефанзивна реакција од македонското министерство за надворешни работи која не подразбира објаснување и одбрана на домашната државна политика.
Оттука, во водењето на меѓународните односи кое подразбира заштита и одбрана на националите и државните интереси, НДМ смета дека е созреан моментот Македонија да испрати Меморандум до Обединетите нации во кој ќе ја регистрира својата позиција со детална изјава за фактите и аргументите со молба тој да биде циркулиран како официјален документ на Генералното собрание и на Советот за безбедност на ОН, со цел да му даде публицитет или тој да се разгледува во Советот за безбедност на ОН.
На тој начи се отвора патот во Обединетите нации да се расправа за повеќе аспекти како што се изјавите дека Македонија се наоѓа на линија на огнот, што во превод значи војна, предупредувањата за поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, прашањето со терористичката група во Куманово дојдена од Косово и нејзината можна поврзаност со радикалниот ислам или пак со проектот за т.н. Голема Албанија, кој претставува опасност за мирот и стабилноста на целиот балкански регион или можната инволвираност на одредени држави и меѓународни невладини организации во заговор за дестабилизација на Македонија во контекст на домашната политичка сцена.Имено, на вербалната нота на Косово до Македонија и заканите со вето во НАТО од страна на албанскот премиер, сведоци сме на крајно невообичаена деф