“Не бев дел од женски бенд, туку од ланец на проститутки”

Каја Џонс е некогашната членка на познатиот бенд “Pussycat Dolls”. 7 години подоцна таа признала дека морала да ги напушти своите сништа, колешките, бендот и да се откаже од договор кој вредел 13 милиони долари. Музичката ѕвезда не можела да ги поднесе постојаните притисоци и уцени од страна на продуцентите кои ја искористувале, ѝ ги краделе парите и кои ја присилувале на секс.Пејачката го напуштила бендот уште од 2005 година, но сега се огласила со интересна изјава на својот профил на Твитер. “Ова е мојата вистина. Не бев дел од женски бенд, бев дел од ланец на проститутки. Пеевме и бевме познати. Пари заработуваа сите оние кои на некој начин нè поседуваа. За да бидеш успешен треба да си тимски играч без да те предаде некој. Ако едната прифатеше, тогаш мораше и другите да прифатат. Тоа значи дека спиеш со сите кои ти наредуваат што да правиш”, напиша пејачката. 

Основачот на бендот, Робин Антин рекол дека Каја била само на “привремена работа” и дека никогаш не била рамноправен член со останатите девојки од бендот.
 
Антин вели дека нејзините зборови и тужби се смешни и немаат врска со вистинската приказна.Пејачката го напуштила бендот уште од 2005 година, но сега се огласила со интересна изјава на својот профил на Твитер. “Ова е мојата вистина.

Пронајдете не на следниве мрежи: