НЕ Е ОБАМА: Ова е човекот од кого се плаши Путин!

Аналитичарите велат дека станува збор за харизматична личност која е соодветна за сега веќе оформениот политички руски идентитет.Имено, по распаѓањето на СССР, на политичката сцена на Русија не се појавила личност која што би претставувала сериозна конкуренција или пак дури и алтернатива на претседателот на владејачката елита.
Така, ниту Елцин, ниту Путин никогаш не беа сериозно исплашени од конкуренција, освен неколку малу бунтовници во Кремљ. Така, ниту сегашниот лидер Владимир Путин досега немаше од што да се исплаши затоа што “златната кремљска опозиција” никогаш досега сериозно не го загрозила неговиот опстанок на политичката сцена.
Закана за Путин не беа ниту Борис Њемцов, Михаил Касјанов и Анатолиј Чубајс, ниту сите оние кои што најчесто се самопрогласуваа за наследници на Путин. Сепак, изгледа дека рускиот политички пејзаж се појавила необична фигура за која претстојните претседателски избори во Русија, закажани за во 2018 година, може да ги направи крајно неизвесни.
Тој потенцијален и посакуван наследник на Путин го нарекуваат Алексеј Наваљни. Тој веќе го најавил своето доаѓање, иако, нагласил дека промената на режимот во Русија нема да се случи на избори, со што дополнително ја вознемирил и онака неспокојната Русија.
Наваљни е млад и амбициозен политичар кој по цели 15 години од владеењето на Путин успеал да се наметне како некој за кого се претпоставува дека може барем да се обиде да ја загрози позицијата на Владимир Путин.
“Тој конечно е светлото на крајот од тунелот”, изјавил Станислав Белковски, еден од водечките руски политиколози и автор на познати книги за Владимир Путин. Наваљни е човек кој одговара на рускиот политички идентитет кој се воспоставил во транзициските времиња на постсоветската Русија.

Според тврдењата на оние кои го познаваат, тој е идеална харизматична личност која одговара на најшироките слоеви на руското општество. Има 39 години, “аријевски изглед и руса коса”, што значи дека е Русин со чиста крв. Алексеј е образован правник, а својата диплома ја добил на престижниот Универзитет Јејл, а син е и на офицерот Анатолиј од советската армија.
Во политичка смисла е западно ориентиран, но се уште е доволно голем Русин за да не може да им се поклони на странците. Имено, токму тоа се очекува од него: Русија “да ја претвори” во демократска национална држава од западноевропски тип, да стави крај на нејзиниот провинцијален конзервативен изолационизам и да стекне голема позиција во Европа.
Сепак, за да успее Алексеј во оваа своја намера, Западот мора да ја прифати Русија како еднаква на себе и источна голема земја.
Иако понекогаш владее поинаква перцепција, Станислав Белковски истакнал дека економската елита, односно олигарсите на Русија би го прифатиле Алексеј затоа што и тие сакаат да се позиционираат себе си на Западот, како и нивните наследници, кои претежно ги образуваат во најпрестижните англиски, американски, француски и германски универзитети.
Со оглед на тоа што сето ова требаше Путин да го овозможи, но тој сега се соочува со санкции и исклучување од “современиот свет”, шансите на Алексеј се зголемуваат.
Наваљни одлично ја гради својата политичка кариера. Според социолошките истражувања, во 2011 година за него знаеле само 6% од жителите, но сега, три години подоцна, Алексеј е општо позната политика личност на руската сцена.Имено, по распаѓањето на СССР, на политичката сцена на Русија не се појавила личност која што би претставувала сериозна конкуренција или пак дури и

Пронајдете не на следниве мрежи: