Не можам да издржам: Соучениците ме малтретираат, сиромашна сум, не носам скапа облека, а тоа ним им пречи

Дванаесетгодишно девојче од Хрватска побарало помош од својата класна раководителка и од психологот, кои, иако сакаат да ѝ помогнат, не успеваат во тоа. И порано имало предрасуди, нерамноправност и суровост, но се чини дека материјализмот кај новите генерации прераснува во бездушност, која ги минува сите граници.Еве што споделува Марина:
„Мајка ти е безначајна, а татко ти алкохоличар“ – таа реченица и еден куп други навреди ги слушам речиси секој ден штом ќе седнам во училишната клупа. Не можам повеќе. Сите ме малтретираат. Целото одделение. Кога заврши училишниот распуст и сфатив дека пак морам во училиште, буквално, ми се слоши. Мачно ми е и секое утро повраќам…Не знам што ќе правам. Страв ми е од тоа што сѐ ќе слушнам на минување од своите соученици. Сите тие навреди ми станаа неподносливи. Веројатно пак ќе морам да го променам училиштето, бидејќи воопшто не можам да се концентрирам на учењето – вели 12-годишната Марина, чијшто глас трепери додека раскажува за изолацијата и за психичкото малтретирање на кои секојдневно е изложена од сите свои 28 соученици во шесто одделение во едно основно училиште во Загреб.
„Вистина е“, вели, „дека и класната и училишниот педагог уште лани се обидоа да го решат проблемот, но тоа оди тешко. По родителскиот состанок вообичаено малку ќе се смират во поглед на омаловажувањето и навредувањето, но набргу сѐ си станува исто“. А како почнало сето тоа?
-Главната причина е тоа што сум сиромашна. Ние сме сиромашни, а во моето одделение нема никој што е посиромашен од мене. Затоа немам ни патики „најк“, ни фармерки „дизел“. Обично го носам тоа што ќе го надрасне мојата сестра. Немам ни „ајфон“. Мојот мобилен повеќе не работи отколку што работи. Толку стар телефон, се разбира, нема никој во одделението. `Носиш партали, види колку си дебела`, го слушам тоа секој ден од соученичките во одделението, а тоа е само мал дел од навредите штоги слушам на своја сметка. Не ми е јасно зошто тоа што сум сиромашна би било причина никој со мене да не сака да се дружи или зошто постојано ме навредуваат. Вистина, мојот татко е обичен работник, не носи косум и вратоврска, и затоа кога дојде на училиште да се информира, го прогласија за алкохоличар – ја продолжува Марина својата тажна приказна за психичкото малтретирање.
Не ѝ е јасно и зошто нејзината мајка ја прогласиле за проститутка, освен што знаат дека на тој начин ќе ја расплачат. Задевањето и потсмевањето се единствен начин на кој нејзините соученици комуницираат со неа и тие се трудат кој ќе биде посуров, држејќи ја во целосна изолација. Кога повеќе не можела да го издржи малтретирањето, Марина во еден миг побарала помош од својата класна.
-Не можам да кажам дека никој не сака да ми помогне, но засега сѐ е без успех. Во моментов одам на психолог и ми се чини дека ќе го сменам не само одделението, туку и училиштето, бидејќи и во другите одделенија знаат што ми прават, па некако не верувам дека кај нив би минала нешто подобро – објаснува Марина.
Мора да се признае дека нејзиниот училиштен ден тешко би го поднеле и возрасни, а не дете од дванаесет години.
-Додека трае одморот, јас седам на своето место во училницата. Тоа е подобро отколку да стојам сама во училишниот ходник, со оглед на тоа што никој не сака да ми се приближи, освен што минувајќи ќе дофрлат: – Што е, што гледаш? Сакаш и ти ваков мобилен? Еве ќе те фотографирам во тие партали за да видиш колку си убава!
-Најлошо ми е кога тоа ми го прават за време на час. Наставничката ќе ме повика да одговарам, а тие се потсмевнуваат, ми се плазат и божем ме фотографираат со мобилните. Кога наставничката не гледа, ме гаѓаат со хартии. Еднаш така требаше да ѝ ја покажам домашната задача на наставничката по хрватски, но никаде ми ја немаше тетратката. Ми ја сокриле во ормарче во друго одделение. По неколку дена случајно ја нашла една наставничка. Не можам да се концентрирам на одговарањето бидејќи постојано нешто изведуваат, си дошепнуваат и со прст покажуваат кон мене – ракажува девојчето.
-Ако го сменам училиштето, можеби ќе можам да се запишам во одделението во кое одат две пријателки од мојата улица, па така ќе биде полесно бидејќи ќе имам со кого да разговарам. Пред почетокот на училишната година размислував повеќе воопшто да не одам на училиште, бидејќи ми е неподносливо. Знам дека основното училиште е задолжително, но вака никогаш нема да го завршам. Тие 28 деца во одделението секој ден смислуваат нови гадости со кои ќе ме навредуваат и малтретираат, а тоа јас сѐ потешко го поднесувам – со треперлив глас Марина ја завршува својата тажна приказна.Еве што споделува Марина:
„Мајка ти е безначајна, а татко ти алкохоличар“ – таа реченица и еден куп други навреди ги слуш

Пронајдете не на следниве мрежи: