Не одговарајте на оваа WhatsApp порака!

Ова е една од најчестите измами во последно време, затоа не одговарајте на оваа WhatsApp порака!Исто како што пред некое време почнаа да кружат лажни Viber пораки во регионот, така сега се појавија и за услугата на апликацијата WhatsApp. Овој пат се работи за промена на самата боја на апликацијата.
Лажната порака се појавува како линк кој води кон Chrome и воглавно е на јазикот кој го користи корисникот.
Пораката се појавува на англиски, српски и други јазици, и вели:
“Нови бои за WhatsApp. Сега можете да ја промените апликацијата и да ја одберете вашата омилена боја “, а сите кои ќе кликнат ќе добијат известување дека опцијата е достапна за iOS, Android, Windows и BlackBerry уреди.
Се разбира, тоа е трик и никако не кликнувајте на ваква порака!
Откако ќе паднете во стапицата на оваа порака прво треба да ја проследите пораката до 12 ваши пријатели од листата (со цел да се шири вирусот, се разбира). Ако тоа не е доволно за да се посомневате дека ова е измама, пораката ќе побара од вас да во Chrome Web Store ја преземете екстензијата (додаток за прелистувач), што не е ни WhatsApp замена, ниту пак ќе го обои вашиот WhatsApp, туку само ќе ви стави вирус!
Ако користите антивирус на компјутерот истиот веднаш ќе го препознае софтверот, а ако немате, тогаш сте во неволја.
Можеби ова ви изгледа банално, но има добар број на луѓе кои како и секогаш кога се појавуваат вакви работи, стануваат жртви на оваа ужасна измама.Исто како што пред некое време почнаа да кружат лажни Viber пораки во регионот, така сега се појавија и за услугата на апликацијата WhatsApp. Овој

Пронајдете не на следниве мрежи: