Лажните и нереални ветувања на СДСМ не поминуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Мнозинството граѓаните јасно кажаа на 11-ти декември дека нема да дозволат да бидат излажани од СДСМ. Граѓаните не дозволија да им се случи нов 15-ти септември 2002 година, кога СДСМ, но и Заев и Шекеринска ветуваа вработување на еден член од секое семејство.
Памфлетот кој СДСМ го нарекува програма, беше збир од нереални проекти, без рокови, финансиски импликации и тоа граѓаните го видоа и затоа им испорачаа десетти изборен пораз по ред.
Граѓаните многу добро знаат дека СДСМ кога се во опозиција им тече мед и млеко од уста, а кога доаѓаат на власт се се претвора во пелин. Граѓаните ги паметат годините 2002 до 2006 кога СДСМ можеше нешто да направи за нив. Тогаш платите и пензиите се кратеа, тогаш работниците се отпуштаа од работа и невработеноста порасна до рекордни 39%, тогаш се противеа на концептот за минимална плата, тогаш за земјоделците не се одвојуваше ниту евро, тогаш даноците растеа, тогаш народните пари наместо за здравство завршуваа за бисери или за тендери за партиски фирми и уште десетици и десетици други катастрофални политики.
Впрочем дека СДСМ не се променил доволно е да се погледне работата на општина Струмица. Токму во својата општина аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој се крие зад улогата политичар создаде мрежа од семејни фирми на кои им дели тендери, направи фиктивна гасификација за да испумпува пари во партиски фирми, направи криминал тежок 8 милиони евра за кој беше аболициран, најавуваше 300 фабрики и 3000 вработувања во Сачево, а таму уште зјае празна ливада, најавуваше партиски вработувања од чистачка до министер, најавуваше дека ќе јаде живи луѓе и слично.Мнозинството граѓаните јасно кажаа на 11-ти декември дека нема да дозволат да бидат излажани од СДСМ. Граѓаните не дозволија да им се случи нов 15-