НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА НА ФЕЈСБУК НИ ПО БИЛО КОЈА ЦЕНА: Хакери ќе ви го преземат профилот!

На популарната социјална мрежа Фејсбук, повторно кружат пораки кои имаат цел да ви го хакнат профилот и да ја преземат контролата врз него. Имено, станува збор за лажни пораки кои наводно ви ги праќаат пријателите, а всушност хакери стојат зад нив.Имено, во пораката вашиот пријател ќе ве замоли да посетите одреден линк и да лајкувате нешто за да ѝ/му помогнете на некој негов близок да победи на конкурс или да добие некоја награда.
Со кликнувањето на линкот од пораката, автоматски ќе бидете префрлени на сајт кој според дизајнот потсетува на фејсбук, со стандардни полиња во кои е потребно да внесете мејл и шифра.
Станува збор за лажен сајт, што ќе го забележите и сами ако ја погледнете добро адресата. Доколку мислите дека се пријавувате на Фејсбук и внесете податоци, сајбер криминалците во истиот момент ќе ја дознаат вашата шифра и ќе ја преземат контролата врз вашиот профил.
Веднаш потоа, тешко дека ќе бидете во состојба да си го вратите профилот, освен ако немате поставено дополнителна мерка за безбедност во вид на број на мобилен телефон или уште една мејл адреса.
Ова е сомнителниот линк:
Имено, во пораката вашиот пријател ќе ве замоли да посетите одреден линк и да лајкувате нешто за да ѝ/му помогнете на некој негов близок да победи

Пронајдете не на следниве мрежи: