НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ: Алкохолот предизвикува 7 видови рак

Консумирањето на алкохол доведува до развој на рак на дојка и други шест вида тумори, убивајќи околу 500.000 луѓе годишно, односно тоа прави 6% од сите смртни случаи од рак, предупредуваат научниците.Во последните 10 години беа направени неколку десетици истражувања кои ја открија врската помеѓу употребата на алкохол и развојот на рак на голем број човечки органи.
Во 2010 година, научниците докажаа дека пиењето на пиво во големи количини може да го забрза развојот на рак на дебелото црево. Во 2011 и 2013 година, тие открија врската помеѓу алкохолните пијалоци и ракот на дојката. Други студии покажаа дека комбинацијата на цигари со алкохолот го продлабочува канцерогениот ефект.
Џени Конор од Универзитетот Отаго (Нов Зеланд), ги обединила и систематизирала резултатите од последните истражувања. Нејзината цел била да утврди дали навистина има директна врска меѓу пиењето и развојот на ракот.
Обединувајќи ги резултатите од околу 30 научни публикации на темата, Конор дошла до заклучок дека алкохолот е поврзан со најмалку седум различни видови рак, вклучувајќи на дојка, на грлото, на црниот дроб, на хранопроводникот, на дебелото црево и др. Ова важи особено во случаите кога човек пие во големи количини поголеми од 50 грама дневно.
Фактот дека степенот на ризик зависи од количеството на внесен алкохол, значи дека врската е причинска – со други зборови потрошувачката на алкохол доведува до рак.
Научниците истакнуваат дека проблемот не влијае само кај луѓето зависници од „чашката“ – шансите да се заболи од онколошки заболувања се зголемува дури и кај оние луѓе кои пијат умерено и не употребуваат ништо посилно од вино и пиво. За оваа причина, Џени Конор вели:
– Намалете со алкохолот во глобала.Во последните 10 години беа направени неколку десетици истражувања кои ја открија врската помеѓу употребата на алкохол и развојот на рак на голем б

Пронајдете не на следниве мрежи: