Не станува збор за убиство – Безживотно тело на еден маж ги вознемири граѓаните во Центар

Станува збор за лицето С.Р. роден 1954 година, кој починал напрсно, најверојатно од удар.Безживотно тело на постар маж кое утрово лежеше на паркингот позади „Мекдоналдс“ кај Министерството за труд и социјала, ги вознемири граѓаните и вработените во околните згради.
Поради големото присуство на полицијата тие беа уверени дека се работи за убиство. Сепак, од СВР Скопје велат дека најверојатно се работи за човек кој починал ненадејно.
Според нив чиста коинциденција се блокираните улици во градот. Зголеменото присуство на екипи на МВР било поради делегацијата која треба да помине во овој дел од градот.
Настанот во полиција бил пријавен утрово околу 8.40 часот, по што бил извршен увид од полицијата.
Станува збор за лицето С.Р. роден 1954 година, кој починал напрсно, најверојатно од удар.
Итната медицинска помош констатирала смрт, а на неговото тело не биле пронајдени знаци на насилство.Безживотно тело на постар маж кое утрово лежеше на паркингот позади „Мекдоналдс“ кај Министерството за труд и социјала, ги вознемири гр

Пронајдете не на следниве мрежи: